Самоил Дуковски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Самоил Дуковски (Галичник, 1929 – Скопје, 26 мај 2011 ) — македонски филмски и театарски глумец.
Животопис
Дуковски е роден во 1929 година во Галичник. Средна државна театарска школа завршил во 1950 година, а со професионална актерска дејност почнал да се занимава од 1955 година. Првите неколку години од неговата кариера ги поминал на сцената на Македонскиот народен театар, а позначајни улоги остварил во делата на Молиер, Иљоски и на Ретиген.
Во Драмскиот театар настапувал од 1959 година. Дуковски интензивно играл на сите три сцени и во неговата актерска кариера одиграл над 85 улоги. Посебно се истакнал во насловните ролји на пиесите "Балада за поручникот и Марјутка" од Крефт, "Грдко" од Ѓокиќ, "Александра" од Арсовски, "Среќен пат" од Розов, "Дундо Марое" од Држиќ, "Јане Задрогаз" од Стефановски, "Кралот на елените" од Гоци и "Дон Жуан" од Молиер.
Дуковски се занимавал и со пишување драмски текстови, а некои од нив биле изведени на театарските сцени. Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои Медал за заслуги за народ во 1947 година, Плакета на градот Скопје во 1969 година.[1] Починал на 82 годишна возраст на 26 мај 2010 година во Скопје, каде што и почива.
Remove ads
Филмографија
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads