Санскрит

From Wikipedia, the free encyclopedia

Санскрит
Remove ads

Санскрит[3] (संस्कृता वाक् saṃskṛtā vāk, кратко संस्कृतम् saṃskṛtam) — стар индоевропски јазик од индоиранската група јазици кој е класичен јазик на Индискиот Потконтинент. Санскрит е литургиски јазик на хиндуизмот, будизмот, сикизмот, џаинизмот и претставува еден од 23-те службени јазици на Индија.

Кратки факти Санскрит, Изговор ...
Remove ads

Историја

Потекло и развој

Санскрит припаѓа на семејството на индоевропски јазици. Претставува еден од трите најстари документирани јазици кои се развиле од еден заеднички предок, кој денес се нарекува праиндоевропски јазик:[4][5][6]

Други индоевропски јазици кои се далечно поврзани со санскрит се статолатинскиот и класичниот латински јазик (ок. 600 п.н.е.–100 н.е., италски јазици), готскиот (архаичен германски јазик, ок.350 н.е.), старонордискиот (ок. 200 н.е. и потоа), староавестискиот (ок.крај на 2 милениум н.е.[8]) и младоавестискиот (ок. 900 н.е.).[5][6] Најблиски сродни јазици на ведскиот санскрит се нуристанските јазици во регионот на Хиндукуш во североисточен Афганистан и северозападните Хималаи,[6][9][10] како и изумрените авестиски и староперсиски јазик – и двата од групата на ирански јазици.[11][12][13] Санскритот припаѓа на сатемската група на индоевропски јазици.

Научниците од колонијалниот период запознаени со латинскиот и старогрчкиот јазик биле изненадени од сличноста на јазикот санскрит, и во неговиот вокабулар и во граматиката, со класичните јазици во Европа. Во The Oxford Introduction to Proto-Indo-European and the Proto-Indo-European World, Мелори и Адамс ја илустрираат сличноста со следниве примери на когнати[14] (во табелата се додадени и староанглиски и старословенски за понатамошна споредба):

Повеќе информации ПИЕ, Англиски ...
Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads