Сашо Мијалков
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сашо Мијалков (Скопје, 15 септември 1965 ) — македонски политичар и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија.
Мијалков дипломирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултет во 1998 година. Магистрирал во областа бизнис администрација. Дипломирал и магистрирал и на Економскиот факултет во Прага во 1994 година.
Во 1990 година станал член на ВМРО-ДПМНЕ.[1]
Во периодот од 1998 до 2000 година, работел во Министерството за одбрана на местото помошник-министер за одбрана и безбедносно разузнување.
Во периодот 2000 до 2001 година, бил советник за безбедносни прашања во Владата на Република Македонија. Од 29 август 2006 година е назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на таа функција бил до 12 мај 2015 кога си поднел оставка.[2]
На 8 март 2019 година бил осуден на три години затвор предметот „Титаник 2“ на СЈО.
Сашо Мијалков е син на Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на Македонија.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads