Светска турнеја на UCI 2021

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Светска турнеја на UCI 2021 — низа трки предвидени во сезоната 2021, кои вклучувале дваесет и девет друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2021.[1] Турнејата започнала со воведната етапа на Трка ОАЕ на 21 февруари,[1] а завршила со Џиро ди Ломбардија на 9 октомври.

Кратки факти Поединости, Датуми ...
Remove ads

Настани

Календарот за 2021 година бил објавен во есента 2020 година.[1]

Повеќе информации Трка, Датум ...

Откажани настани

Поради логистички проблеми поврзани со пандемијата на КОВИД-19 покренати од страна на екипите во однос на патувањето во Австралија (вклучувајќи ги строгите обврски за карантин), трката Тур Даун Андер (19–24 јануари) и трката Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ (31 јануари) биле откажани. Организаторите на Тур Даун Андер одржале домашен велосипедски фестивал со повеќе трки во разни дисциплини.[4][5] Во јуни, Гран при Квебек (10 септември) и Гран при Монтреал (12 септември) биле откажани поради пандемијата на КОВИД-19 во Канада.[6] Во август, Хамбуршкиот класик (15 август) и Трката околу Гуангси (14–19 октомври) биле откажани по барање на нивните соодветни организатори, поради пандемијата на КОВИД-19.[7]

Дополнително, од други причини, организаторите на Трката околу Калифорнија во САД, како и оние на Класикот Лондон-Сари во Велика Британија, не побарале регистрација на нивните трки во календарот 2021.[8]

Remove ads

Белешки

  1. Трката Ешборн-Франкфурт била закажана за 1 мај, но била одложена поради пандемијата на коронавирусот во Германија.[2]
  2. Трката Париз-Рубе била закажана за 11 април, но била одложена поради пандемијата на коронавирусот во Франција.[3]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads