Светска турнеја на UCI 2020

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Светска турнеја на UCI 2020 — низа трки предвидени во сезоната 2020, кои првично вклучувале триесет и шест друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2020.[1] Меѓутоа, некои од нив биле откажани поради избувот на коронавирусот ковид-2019 во светот.[2] Натпреварувањето започнало со воведната етапа на Тур Даун Андер на 21 јануари[1] и завршило со последната етапа на Вуелта а Еспања на 8 ноември.[3][4]

Кратки факти Поединости, Датуми ...
Remove ads

Настани

Календарот за 2020 бил првично објавен во јуни 2019 година.[1] Во октомври 2019 година, календарот бил официјално претставен од UCI.

Имало две промени од Светска турнеја 2019, обете отстранувања од календарот.

  • Трката околу Турција добила понизок ранг и била преместена во UCI ProSeries за 2020 година поради недостиг на учество од страна на UCI World Tour екипите во 2018 и 2019.[5]
  • Трката околу Калифорнија нема да се одржи во 2020 година поради недостиг на средства.[6]

Поради пандемијата на коронавирусот која се појавила пролетта, бројни трки биле одложени, вклучувајќи ги сите три големи трки и четири од петте годишни монументи. Поради тоа, организаторите на трките побарале нови датуми од Меѓународниот велосипедистички сојуз за многу од овие трки. На 5 мај 2020 година бил објавен нов ревидиран календар од UCI, па така 25 трки ќе бидат одржани помеѓу 1 август и 8 ноември; неколку трки се предвидени да се поклопат, како што се Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.[7] Од овие 25, Трката околу Франкфурт и Јуроајс Класик требале да добијат потврдени датуми во календарот.[8] Други измени во календарот биле направени во јуни, кога уште две трки биле откажани, неколку други добиле нови датуми, а Јуроајс Класик бил закажан за октомври.[3]

Повеќе информации Трка, Датум ...

Откажани настани

Вкупно петнаесет настани не биле повторно закажани да се одржат во сезоната 2020 или пак биле целосно откажани. Стогодишната Волта а Каталуња (23–29 март),[14] Трка околу Баскија (6–11 април),[15] Тур де Романди (28 април – 3 мај),[16] Тур де Свис (7–14 јуни),[17] и Класика де Сан Себастијан (25 јули) биле откажани пред обновениот календар да биде објавен од UCI.[15] По обновата на календарот во мај, Е3 БинкБенк Класик (27 март)[8] и Класик Лондон-Сари (16 август) биле откажани;[18] при обновата на календарот во јуни, Трката околу Франкфурт (првично закажана за 1 мај) и Дварс дор Вландерен (претходно презакажана за 14 октомври) биле исто така откажани.[3] Во јули, ЈуроАјс Класик (првично закажана за 16 авгист, а потоа презакажана за 3 октомври),[19] и двете канадски трки во Квебек и Монтреал (закажани за 11 и 13 септември) биле откажани.[20]

По започнувањето со трките на 1 август, завршната трка во сезоната Трка околу Гуангси (првично закажана за периодот 15-20 октомври, а потоа закажана за 5-10 ноември) била откажана на 10 август.[4] На 30 септември, дента откако холандските етапи биле отстранети од БинкБенк Тур, Амстел Голд Рејс (првично закажана за 19 април, а потоа презакажана за 10 октомври), била откажана по избувот на нови случаи од коронавирусот во Холандија.[12][21] На 9 октомври, Париз-Рубе (првично закажана за 12 април, а потоа презакажана за 25 октомври) била откажана по растот на случаи на коронавирусот во Франција.[22]

Remove ads

Белешки

  1. Трката ОАЕ првично била предвидена да трае до 29 февруари, но била откажана по петтата етапа откако двајца учесници биле позитивни на коронавирусот ковид-2019.[9]
  2. Париз-Ница била првично закажана да трае до 15 март, но последната етапа била откажана поради пандемијата на коронавирус во Франција 2020.[10]
  3. Страде Бјанке била првично закажана за 7 март, но била одложена поради пандемијата на коронавирус во Италија 2020.
  4. Трката околу Полска била првично закажано да се одржи од 5 до 11 јули.
  5. Милано-Санремо бил првично закажан за 21 март, но бил одложен поради пандемијата на коронавирус во Италија 2020.
  6. Критериум ди Дофине бил првично закажан да се одржи од 31 мај до 7 јуни, но бил одложен поради пандемијата на коронавирус во Франција 2020.
  7. Џиро ди Ломбардија бил првично закажан за 10 октомври. Трката првично била презакажана за 31 октомври при промената на календарот во мај, а подоцна на 15 август со обновувањето на календарот во јуни.
  8. Класик Бретања бил првично закажан за 23 август, но бил префрлен бидејќи датумот бил подоцна одреден за државното првенство.
  9. Тур де Франс бил првично закажан да се одржи од 27 јуни до 19 јули, но бил одложен поради пандемијата на коронавирус во Франција 2020.[11]
  10. Тирено-Адријатико бил првично закажан да се одржи од 11 до 17 март, но бил одложен поради пандемијата на коронавирус во Италија 2020.
  11. Холандските етапи на БинкБенк Тур биле откажани поради избув на нови случаи на пандемијата на коронавирус во Холандија 2020.[12]
  12. БинкБенк Тур бил првично закажан да се одржи од 31 август до 6 септември.
  13. Флеш Валон (22 април) и Лиеж-Бастоњ-Лиеж (26 април) биле префрлени откако биле одложени поради пандемијата на коронавирус во Белгија 2020.
  14. Џиро д’Италија бил првично закажан да се одржи од 9 до 31 мај, но бил одложен поради пандемијата на коронавирус во Италија 2020.
  15. Гент-Вевелгем (29 март), Дварс дор Вландерен (1 април) и Трка околу Фландрија (5 април) првично предвидено да се одржат во октомври, откако биле одложени поради пандемијата на коронавирус во Белгија 2020. Дварс дор Вландерен на крајот бил откажан во јуни.
  16. Вуелта а Еспања била првично закажана да се одржи од 14 август до 6 септември. Воведните три етапи на трката, кои требало да се одржат во Холандија, биле откажани; намалувајќи ја трката на 18 етапи.[13]
  17. Три дена Брухе-Де Пане биле првично закажани за 25 март, но била одложена поради пандемијата на коронавирус во Белгија 2020.
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads