Александер Кристоф
норвешки велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Александер Кристоф (норвешки: Alexander Kristoff; р. 5 јули 1987 во Осло) — норвешки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Интермарше-Сиркус-Ванти.[2]
Го освоил националното друмско првенство во 2007 и во 2011 година.[3] Негови најголеми победи се Милано-Санремо 2014 и Трката околу Фландрија 2015 меѓу другите успеси.
Remove ads
Кариера
Рана кариера
На шест години, се преселил од Осло во Ставангер. Неговиот очув го заинтересирал во велосипедизмот, отколку во фудбалот. Тој започнал да вози за Ставангер СК. На 16 години, го освоил норвешкото првенство за млади и завршил четврти на Олимпијадата за млади.[4] Тој станал професионалец во 2006, кога започнал да вози за Глуд & Марстранд Хорсенс. Во 2007, тој станал норвешки друмски првак на 19, победувајќи го Тор Хушовд во спринт од четири возачи.[5]
Катјуша (2012-2017)
Го освоил бронзениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[6]
2014
Во 2014 година, Кристоф го освоил италијанскиот класик Милано-Санремо победувајќи го Фабијан Канчелара при спринт. Подоцна истата година, Кристоф освоил две етапни победи на Тур де Франс освојувајќи го второто место зад Петер Саган во бодовниот пласман. Подоцна, оваа сезона, Кристоф освоил уште една победа кога победил на Ватенфал Класик, како и Трката околу Франкфурт во мај. Вкупно освоил 14 победи во сезоната 2014.
2015
Во 2015 година, Кристоф имал многу добар почеток во неговата сезона со три етапни победи на Трката околу Катар, притоа освојувајќи ја спринтерската маичка. Наскоро прославил уште една етапна победа на Трката околу Оман. На 1 март бил претекнат од Марк Кевендиш и го освоил второто место на Курне-Брисел-Курне.[7] Освоил уште една спринтерска победа на Париз-Ница, додека се подготвувал за Милано-Санремо. Се надевал за повторна победа на трката, но Џон Дегенколб бил подобар од него во спринтерската завршница и се нашол на престижното второ место.[8] Во месец март, останал покус за место на подиумот на Е3 Харелбеке, завршувајќи на четвртото место.[9] Потоа учествувал на Три дена Де Пане, каде бил дел од бегство на шесторица на првата етапа и ја освоил во спринт на мала група, додека бил предводен од неговиот колега Свен Ерик Бистром.[10] Го повторил тоа следниот ден, овој пат во масовен спринт.[11] Кристоф исто така победил на етапата 3а, масовен спринт каде го поминал за многу мал дел од секундата Андре Грајпел. Со бонус секундите освоени на етапата го освоил генералниот пласман по завршувањето на третото место на етапата 3б, краток поединечен хронометар.[12] Во април, Кристоф победил на престижната трка, Трката околу Фландрија. Нападнал на околу 30 километри пред целта со Ники Терпстра и подоцна победил во меѓусебниот спринт.[13] Три дена подоцна Кристоф го освоил спринтерскиот полукласик Шелдепрејс,[14] станувајќи првиот кој победил на Три дена Де Пане, Трката околу Фландрија и Шелдепрејс во истата сезона. Кристоф завршил десетти на Париз-Рубе, по што земал пауза од трките.
Се вратил на Трката околу Норвешка, каде завршил осми, притоа освојувајќи две етапи.[15] Кратко потоа учествувал на Трката на Фјордовите, каде преовладал со спринтот, освојувајќи три етапи, бодовниот пласман и деветтото место во генералниот пласман.[16] Исто така, ја освоил седмата етапа на Тур де Свис за влакно пред Петер Саган. Саган се одвоил од заветрината на Кристоф обидувајќи се да го претекне во последните метри, но не успеал.[17]
2016
Во 2016 година ја започнал сезоната со три етапни победи на рамната Трка околу Катар, завршувајќи на второто место во генералниот пласман зад Марк Кевендиш.[18]
2017
Во август 2017 година, Кристоф ја освоил друмската трка на Европското првенство во Данска.[19]
ОАЕ Тим Емирати (2018-2021)
Подоцна во август 2017 година било потврдено дека Кристоф потпишал првично двегодишен договор со ОАЕ Тим Емирати почнувајќи од сезоната 2018.[20] Таму заминал со сонародникот Свен Ерик Бистрем.[21]
2018
Кристоф ја започнал својата прва сезона со својата екипа на Трката Дубаи. После тоа настапил на уште две етапни трки на Средниот Исток.[22] На Трка околу Оман ја освоил шестата и завршна етапа.[23] Неговата втора победа во сезоната била на воведната етапа на Трката Абу Даби.[24] Ја освоил последната етапа во спринт на Шанзелизе на Тур де Франс 2018.
2019
Во јуни 2019 година, Кристоф го продолжил својот договор со ОАЕ Тим Емирати за уште две години, до крајот на сезоната 2021.[25]
2020
Во август, Кристоф ја освоил воведната етапа на Тур де Франс, при што ја освоил жолтата маичка.[26] Следниот ден ја изгубил маичката од Жилијан Алафилип на високопланинската етапа.[27]
Remove ads
Личен живот
Кристоф се оженил со Марен Комедал во Ставангерската катедрала во октомври 2014 година[28] и двојката има четири деца.[29]
Достигнувања
- 2005
- 2. Национално хронометарско јуниорско првенство
- 10. Светско друмско јуниорско првенство
- 2006
- Гренланд ГП
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 2007
- 1.
Национално друмско првенство
- 5. Трофеј Пореч
- 6. Класик Колиерс
- 2008
- 1.
Државно првенство за критериум
- 1. Етапа 4 Рингерике ГП
- 2. ГП Рогаланд
- 2. Трофеј Пореч
- 2009
- 1.
Национален друмски првак под 23 години
- 1. Етапа 3 Рингерике ГП
- 2. Национално друмско првенство
- 2. ГП Сандефјорд
- 5. Краен пласман Тур де Бретања
- 5. Ла Кот Пикард
- 7. Европско друмско првенство под 23 години
- 7. Дрејвенкурс Оверејсе
- 9. Трофеј Пореч
- 9. ЗЛМ Тур
- 10. Трка околу Фландрија под 23 години
- 2010
- 3. Меѓународно првенство Филаделфија
- 4. Ватенфал Класик
- 5. Гран при де Фурмје
- 7. Фландриско првенство
- 8. ГП Џеф Схеренс
- 9. Париз-Брисел
- 10. Схелдепрејс
- 10. Меморијал Рик ван Стенберген
- 2011
- 1.
Национално друмско првенство
- 2. Гран при де Фурмје
- 5. Гран при д’Исберг
- 7. Схелдепрејс
- 7. Париз-Брисел
- 7. Класик Лондон-Сари
- 7. Фландриско првенство
- 2012
- Три дена де Пане
- 2. Гран при де Фурмје
- 3.
Олимписка друмска трка
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Краен пласман Светски пристаништен класик
- 4. Краен пласман Трка околу Данска
- 6. Ешборн-Франкфурт
- 9. Курне-Брисел-Курне
- 2013
- Трка околу Норвешка
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 5 Тур де Свис
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Краен пласман Три дена Де Пане
- 3. Ватенфал Класик
- 4. Краен пласман Трка околу Фјордовите
- 1.
Бодовен пласман
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3 (ТТТ)
- 1.
- 4. Трка околу Фландрија
- 4. Париз-Брисел
- 5. Награда на Шелда
- 8. Милано-Санремо
- 9. Париз-Рубе
- 2014
- 1. Краен пласман Трка на Фјордовите
- 1. Милано-Санремо
- 1. Трка околу Франкфурт
- 1. Ватенфал Класик
- Трка околу Норвешка
- 1. Етапа 2 Трка околу Оман
- Тур де Франс
- 1. Етапа 12
- 1. Етапа 15
- 2. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
- 5. Трка околу Фландрија
- 8. Светско друмско првенство
- 8. Светска турнеја на UCI
- 8. Краен пласман Три дена Де Пане
- 8. ГП Западна Франција
- 2015
- 1.
Генерален пласман Три дена Де Пане
- 1. Трка околу Фландрија
- 1. ГП Западна Франција
- 1. Шелдепрејс
- 1. ГП Кантон Аргау
- Арктичка трка на Норвешка
- 1. Етапа 1 Париз-Ница
- 1. Етапа 7 Тур де Свис
- 1. Етапа 3 Трка околу Оман
- 2. Милано-Санремо
- 2. Курне-Брисел-Курне
- 2. Ватенфал Класик
- 3. Краен пласман Трка околу Катар
- 3. Гран при Квебек
- 4. Светска турнеја на UCI
- 4. Светско друмско првенство
- 4. Е3 Харелбеке
- 8. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 9. Гент-Вевелгем
- 9. Краен пласман Трка на Фјордовите
- 10. Париз-Рубе
- 2016
- 1.
Краен пласман Трка на Фјордовите
- 1. Трка околу Франкфурт
- Трка околу Оман
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 1 Арктичка трка на Норвешка
- 1. Етапа 7 Трка околу Калифорнија
- 2. Национално друмско првенство
- 2. Краен пласман Трка околу Катар
- 2. Краен пласман Три дена Де Пане
- 2. Курне-Брисел-Курне
- 3. ГП Западна Франција
- 4. Трка околу Фландрија
- 5. Јуроајс Класик
- 6. Милано-Санремо
- 7. Светско друмско првенство
- 2017
- 1.
Европско друмско првенство
- 1. Трка околу Франкфурт
- 1. Класик Лондон-Сари
- Трка околу Оман
- Етоал де Бесеж
- 1.
Бодовен пласман Трка околу Британија
- 2.
Светско друмско првенство
- 2. Класик Бретања
- 3. Краен пласман Три дена Де Пане
- 4. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
- 1. Етапа 2
- 4. Милано-Санремо
- 4. Јуроајс Класик
- 5. Трка околу Фландрија
- 7. Минстерланд Џиро
- 2018
- 1. Етапа 21 Тур де Франс
- 1. Трка околу Франкфурт
- 1. ГП Кантон Аргау
- 1. Етапа 1 Трка Абу Даби
- 1. Етапа 6 Трка околу Оман
- 3. Јуроајс Класик
- 4. Милано-Санремо
- 6. Гран при де Фурмје
- 9. Краен пласман Трка Дубаи
- 2019
- 1.
Краен пласман Трка околу Норвешка
- 1. Гент-Вевелгем
- 1. Гран при Кантон Аргау
- 1. Етапа 1 Трка околу Оман
- 1. Етапа 1а Трка околу Словачка
- 1. Етапа 2 Трка околу Германија
- 3. Трка околу Фландрија
- 3. Трка околу Франкфурт
- 4. Европско друмско првенство
- 4. Јуроајс Класик
- 7. Светско друмско првенство
- 7. Класик Лондон-Сари
- 7. Бриселски велосипедски класик
- 2020
- 1. Етапа 1 Тур де Франс
- 2. Класика де Алмерија
- 3. Трка околу Фландрија
- 3. Курне-Брисел-Курне
- 2021
- 1.
Бодовен пласман Арктичка трка на Норвешка
- 2. Трофео Алкудија-Порт д’Алкудија
- 3. Краен пласман Трка околу Германија
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 4
- 3. Ешборн-Франкфурт
- 5. Трофео Сера де Трамунтана
- 6. Дварс дор Вландерен
- 2022
- 1. Класика де Алмерија
- 3. Милано-Торино
- 1. Етапа 2 Трка околу Германија
Распоред на резултатите на класиците
СО = се откажал
— = не учествувал; НСО = не се одржала
Распоред на резултатите на големите трки
1 | Победник |
2–3 | Топ три |
4–10 | Топ десет |
11– | Друго место |
ДНЕ | Не учествувал |
ДНФ-x | Не завршил (се повлекол на етапа x) |
ДСК | Диквалификуван |
Н/А | Трката/пласманот не беше одржана |
НР | Нерангиран во овој пласман |
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads