Гоце Делчев (село)

село во Општина Гази Баба From Wikipedia, the free encyclopedia

Гоце Делчев (село)map
Remove ads

Гоце Делчев — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Скопската Котлина, на 10 километри источно од центарот на Скопје. Лежи долж регионалниот пат Скопје - Велес (Р1102), на левиот брег на Вардар. Лежи помеѓу селата Трубарево и Јурумлери, но практично сите три се споени во една последователна целина.

Историја

Населбата е официјално прогласена за одделно населено место некаде кон крајот на XX или почетокот на XXI век, бидејќи за првпат е попишана во 2002 г.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.405 жители, од кои 1.291 Македонец, 8 Турци, 14 Роми, 62 Албанци, 3 Власи, 20 Срби и само 7 останати.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.402 жители, од кои 1.205 Македонци, 71 Албанец, 2 Турци, 15 Роми, 10 Срби, 4 Бошњаци, 9 останати и 86 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads