Сириска азбука

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сириска азбука
Remove ads

Сириска азбука или сириско писмосистем на пишување кој воглавно се користи за пишување на сирискиот јазик уште од 1 век.[1] Сириското писмо е согласно писмо, абџад, каде секоја буква претставува согласка. Писмото е создадено од арамејското писмо, кое пак потекнува од феникиското,[2] па така, истото споделува сличности со современите хебрејско, арапско и монголско писмо. Сирискиот јазик се пишува од десно кон лево во хоризонтален правец. Секоја буква е согласка, но постојат и посебни знаци за бележење на самогласки.

Кратки факти Сириска азбука, Тип ...
Remove ads

Особености

Денес постојат три форми на ова писмо: класична форма или естрангела, источна форма и западна форма.

Класична форма

Најстарата и класичната форма на писмото се нарекува „естрангела“ (ܐܣܛܪܢܓܠܐ).[3] Иако оваа форма денес не се користи како главна форма за пишување на јазикот, сепак оваа форма доживеала оживување од 10 век па навака. Често писмото се користи во научните изданија. Оваа форма вообичаено не користи специјални симболи за самогласки.

Источна форма

Источната форма се користи за источните дијалекти на сирискиот јазик. Оваа форма е поблиска со класичното писмо за разлика од западното.

Западна форма

Западната форма се користи за пишување на западните дијалекти на сирискиот јазик. Повеќето од буквите потекнуваат од класичното писмо, но се упростени.

Повеќе информации име, буква ...
Remove ads

Уникод

Сириската азбука била додадена во уникод во септември 1999 година со издавањето на верзијата 3.0. Дополнителни букви кои се користат во малајалскиот биле додадени во јуни 2017 година со издавање на верзија 10.0. Уникод блокот за сирискиот се U+0700U+074F:

сириски[1][2]
Официјална кодна табела на уникод (PDF)
 0123456789ABCDEF
U+070x ܀ ܁ ܂ ܃ ܄ ܅ ܆ ܇ ܈ ܉ ܊ ܋ ܌ ܍ ܏
 SAM 
U+071x ܐ ܑ ܒ ܓ ܔ ܕ ܖ ܗ ܘ ܙ ܚ ܛ ܜ ܝ ܞ ܟ
U+072x ܠ ܡ ܢ ܣ ܤ ܥ ܦ ܧ ܨ ܩ ܪ ܫ ܬ ܭ ܮ ܯ
U+073x ܰ ܱ ܲ ܳ ܴ ܵ ܶ ܷ ܸ ܹ ܺ ܻ ܼ ܽ ܾ ܿ
U+074x ݀ ݁ ݂ ݃ ݄ ݅ ݆ ݇ ݈ ݉ ݊ ݍ ݎ ݏ
Белешки
1.^ До уникод, верзија 10.0
2.^ Сивите полиња означуваат неназначени кодови
Remove ads

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads