Безвучна преднонепчено-венечна шушкава согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Безвучната преднонепчено-венечна шушкава согласка или безвучна засводена задновенечна струјна согласка е вид на согласен глас присутен во многу јазици во светот. Меѓународната фонетска азбука (МФА) го бележи со симболот [ ʃ ]. Во македонскиот јазик, гласот е претставен со буквата ш.

Кратки факти Безвучна преднонепчено-венечна шушкава согласка, ʃ ...
Remove ads

Особености

Безвучната преднонепчено-венечна шушкава согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е шушкав струен, што значи дека се добива со насочување на воздухот по жлеб во задниот дел на јазикот до местото на творба, каде се сосредоточува и судира со острите рабови на речиси затворените заби, предизвикувајќи високочестотно бурно струење.
  • Местото на творба е преднонепчено-венечно, т.е. засводен (делумно омекнат) задновенечен глас, што значи дека се создава со рамниот дел на јазикот зад забниот венец, а предниот дел од јазикот е набран („засводен“) кај тврдото непце.
  • Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Во разни јазици како англискиот и францускиот, согласката во извесни случаи се изговара со истовремено заоблување на уснените ([ʃʷ]), но ова обично не се бележи во техничките транскрипции.

Remove ads

Јазици

Повеќе информации Јазик, Збор ...

Рускиот глас <ш> не е ваков, туку рамнојазична свиена струјна согласка.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Библиографија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads