Сладуево

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Сладуевоmap
Remove ads

Сладуево — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото веројатно потекнува од личното име Сладуј или Сладомир.[2]

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во Железник, во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Кичево или Крушево и до текот на Црна Река.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 635 метри. Од градот Демир Хисар, селото е оддалечено четири километри.[3]

Сладуево се граничи со селото Прибилци на север, со селото Журче на исток, со селата Граиште и Белче на југ и со селото Белче на запад.[2]

Во 1965 година селото добило електрична енергија, водовод има од 1978 година, а асфалтен пат од 1985 година.[2]

Remove ads

Историја

Сладуево се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер со името „Сладофче“. Во селото имало 5 христијански семејства. Во еден список за личен данок на немуслиманите од Битолскиот вилает од 1537/8 г. селото е регистрирано со формата „Сладовци“. Во географска карта од 1900 година било запишано како „Сладујево“.[2]

Во 1468 година имало 5 семејства, односно вкупно 25 жители. Во 1568 година имало 13 семејства или вкупно 45 жители. Селото плаќало вкупно 225 акчиња годишно данок.[2]

Во XIX век, Сладуево било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 1,2 км2, при што преовладува обработливото земјиште со 80 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Во минатото, во селото работела електрична воденица, сепарација на песок и асфалтна база. Денес, во селото има фабрика за откуп и преработка на печурки „Чапе Фунги“.[2]

Населението се занимава со земјоделство и чува малку стока.[2]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сладуево имало 80 жители.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сладуево се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[6]

Сладуево е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 109, а во 1994 година бројот се намалил на 81 жител.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 77 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 51 Македонец и 1 лице без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Сладуево е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[13]

Remove ads

Општествени установи

  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Сладуево, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Сладуево.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0634 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Светец — населба и некропола од средниот век.
Цркви

Редовни настани

Слави

Иселеништво

Од Сладуево има иселеници во градовите Битола и Демир Хисар, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.[2]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads