Владислав Ковачев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Владислав Ковачев, познат и како Славчо Ковачев (5 јануари 1875 - 13 септември 1924 ) ― скопско-штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација, пламен приврзаник на една балканска федерација во која Македонија би влегла како рамноправна единица[1]. По завршувањето на Военото училиште во Софија, се вклучил во македонското револуционерно движење[1]. Бил противник на врховизмот на генерал Цончев[1]. Со својата чета водел борби против врховистите во Македонија[1]. Како војвода учествувал во Илинденското востание во Штипско, Кочанско и Кратовско[1]. По востанието се вклучил во политичкиот живот на македонската емиграција во Бугарија[1]. Бил уредник на весникот „Автономна Македонија“ каде остро ги разобличувал непријателите на ослободителното дело на македонскиот народ и оние што довеле до безмилосното распарчување на Македонија[1]. Ковачев бил убиен среде бел ден од страна на автономистичката ВМРО и платениците на Ванчо Михајлов[1] во текот на Горноџумајските случувања.
“Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неa. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот““.
—Владислав Ковачев
Remove ads

Remove ads
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads