Снежана Стамеска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Снежана Стамеска (Скопје, 1 јануари 1946 - Скопје, 8 септември 2024 )[1]македонска филмска и театарска глумица. Член на Драмски театар – Скопје од 1971 до нејзиното пензионирање во 2010 година.

Кратки факти Снежана Стамеска, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Снежана Стамеска е родена во Скопје на 1 јануари 1946 година. Дипломирала на Театарската академија во Белград (1970) и веднаш по дипломирањето е вработена во Драмскиот театар – Скопје, каде одиграла 70-тина улоги.[2]

Починала на 8 септември 2024 година во Скопје, на 78-годишна возраст.[3]

Творештво

Во својот глумечки живот остварила бројни и забележителни театарски и филмски улоги.

Театарски претстави

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1968Сопствениците на клучеви ТВ-филмЌерка на полковникот
1968Нешто темно и тешко ТВ-филм/
1969Враќање од рајот ТВ-филмВанда
1969Волшебниот воз ТВ мини серија/
1969Малва ТВ-филм/
1970Коктел за четворица ТВ-филм/
1970Александра ТВ-филм/
1971Жед ТВ-филмЕмица
1973Залез зад езерската земја ТВ-серијаАска
1973Кукла ТВ-филм/
1973Луѓе и птици ТВ-филм
1975Парадоксот на Диоген ТВ-филмИнж. Борика Корда
1975Картотека ТВ-филм/
1977Итар Пејо ТВ-серијаМитра
1977Нели ти реков ТВ-филм/
1979Жена од малтер ТВ-филмСтојна
1980Учителот ТВ-филм/
1980Двојка ТВ-филмЦвета
1983Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филмЛенка
1984Нели ти реков/
1984Комедијанти ТВ-серијаПримадоната
1984Белото Циганче ТВ-серијаАза
1984Диво месо филм/
1985На наш начин ТВ-серија/
1985Трговецот од Солун ТВ-филмСара
1986Солунски патрдии ТВ серијаПандора
1987За трошка среќа ТВ-филмРајна
1987Пикасо ТВ-филм/
1987 1990Трст виа Скопје ТВ-серијаШина
1987-1990Чук, чук Стојанче ТВ-серија
1992Сили во воздухот ТВ-филмМица
1992Чернодрински се враќа дома ТВ-филмМица
1995Во светот на бајките ТВ-серија/
1998Македонски народни приказни ТВ-серија
2000Големи и мали ТВ-серијаМарта
2000Глас Краток филм/
2002Наше маало ТВ-серија
2005Бајколенд ТВ-серијаБабата
2005Сашо и Сашка ТВ-серија
2006Нави ТВ-филмНави
2011Турни ме да Кинисам ТВ-серијаМилица
2011-2013Македонски народни приказни ТВ-серија
2013Балканот не е мртов ТВ-филмПомошник
2014До балчак ТВ-филмСеланка на станица
2014-2015Македонски приказни ТВ-серија
2016Ослободување на Скопје ТВ-филмЛица

Награди

  • 1979 Златен венец за најдобра улога на МЕСС за Лица во "Ослободување на Скопје"
  • 1980 Артст на годината според анкетата на "Екран" за улогата Пандора во претставата "Солунски патрдии"
  • 1985 Награда за улогата на "Вера" во претставата "Среќна Нова '49" на театарските игри "Војдан Чернодрински" во Прилеп
  • 1986 Артист на годината според анкетата не "Екран" за улогата Зоја
  • 1989 Стериина награда за улогата на Мица во "Сили во воздухот"
  • 2000 Прогласена за глумец на годината според списанието "Екран" за улогата за Војницива во "Платонов"
  • 2002 Награда "11-октомври" за 30 годишна плодна глумечка дејност и особено сначајни остварување на полето на уметноста од особен интерес на Република Македонија
  • 2005 Награда Климент Охридски за повеќе годишна успешна творечка работа
  • 2014 Награда за животно дело Војдан Чернодрински
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads