Средоземни игри
меѓународно повеќеспортско натпреварување From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Средоземни игри (или Медитерански игри) — меѓународно спортско натпреварување, кое се одржува на секои четири години. Земјите-учеснички мора да бидат дел од средоземната цивилизација. Овој настан го предложил Мохамед Тахер-паша, кој бил претседател на Олимпискиот комитет на Египет за време на Летните олимписки игри 1948. Првите Средоземни игри се одржале во 1951 г. во Александрија, еден од најголемите градови на Египет. Првите 10 игри се одржувале една година пред Олимписките игри, но во 1991 било одлучено игрите да се одржуваат една година по Олимписките игри.
Македонија за првпат почнала да учествува на XVII Средоземни игри во Мерсин, 2013 г.
Remove ads
Историја на Средоземните игри
Првите Средоземни игри
Првите Средоземни игри се одржале во месец октомври во 1951 г. во Александрија, во чест на Мохамед Тахер-паша, кој ја изнел идејата за овој настан. На настанот учествувале 734 спортисти од 10 земји, кои настапиле во 13 спортови. Веќе на вторите игри, кои се одржале во 1955 г. Во Барселона е основано контролно тело, кое ги надгледува натпреварувачите во сите натпревари и врши анти-допинг контрола. На 16 јуни 1961 г., ова тело го добило своето официјално име: Службен одбор на Средоземните игри (француски: Comité International des Jeux Méditerranéens).
Врховно тело
Средоземните игри, како спортски настан кој се одржува секои четири години има углед на најголем спортски настан околу Средоземното Море. Настанот предизвикува голем интерес кај земји од три континенти: Европа, Африка и Азија. Специфичноста на овие игри е способноста на малите земји да освојат медал. Нема ниту една држава, чиј претставник не освоил барем еден медал, па дури и држави како Либан и Сан Марино освоиле медал. Покрај спортот, идеологијата на овој настан се заснова и на создавање на можност за мирна и праведна соработка на спортистите од трите континенти.
Игрите се одржуваат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, но за нивното одржување е одговорен Грчкиот олимписки комитет. Седиштето на Одборот на Средоземните игри се наоѓа во Атина, а секретарот мора да биде Грк. Обврските, кои Грција ги има како еден од главните организатори на Средоземните игри се исполнува и со напорите на Владата на Грција, која инвестира во развојот на игрите.
Remove ads
Одлики на Средоземните игри
Лого
Официјалното лого на Средоземните игри, кои се нарекуваат Средоземни олимписки игри се состои од три круга, кои ги симболизираат трите континенти, чии земји се натпреваруваат. Круговите се одржуваат во сината позадина, која го симболизира морето површина сино. За време на церемонијата на затворање на игрите, знамето се предава на претставник од земјата-домаќин на следните Средоземни игри.
Земји-учеснички

На игрите тековно учествуваат вкупно 26 земји:[1]
- Африка: Алжир, Египет, Либија, Мароко и Тунис
- Азија: Либан и Сирија.
- Европа: Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Италија, Кипар, Косово[2], Македонија, Малта, Монако, Португалија, Сан Марино, Словенија, Србија, Турција, Франција, Црна Гора и Шпанија.
Единствена земја, чие уество ѝ е дозволено, а не учествува е Израел. Иако географски не припаѓаат на Средоземјето, некои земји како на пример Македонија, Португалија, Србија, Андора и Сан Марино, кои веќе учествуваат може да влијае на игрите да учествуваат и некои арапски земји.
Градови-домаќини
Remove ads
Застапени на спортови
На игрите затапени се вкупно 33 спортови.
За учество на жени било одлучено уште во 1959, но за првпат учествувале во 1967 г.
Освоени медали по земји
- Југославија учествувала во 1997 и 2001 г. како СР Југославија.[4]
- Србија учествувала во 2005 г. како Србија и Црна Гора.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads