Среќна Нова ’49

From Wikipedia, the free encyclopedia

Среќна Нова ’49
Remove ads

Среќна нова ’49македонски филм од 1986 година, режиран од Столе Попов. Главните улоги ги толкувале: Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владислава Милосављевиќ, Ацо Ѓорчев, Милица Стојанова, Гоце Тодоровски, Петар Арсовски, Душко Костовски, Мите Грозданов, Младен Крстевски и Александар Шехтански. Филмот е сметан за еден од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски филм, покрај „Црно семе“ на Кирил Ценевски,[4] што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар.[2] Филмот е добитник е на низа награди и признанија, како: „Големата златна арена за најдобар филм“ на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула (1986), како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре (1991).[2]

Кратки факти Режисер, Сценарист ...
Remove ads

Содржина

Thumb
Сцена од филмот.

Основната тема во филмот е донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во македонската општествена средина. Дејството се одвива во кругот на едно семејство чии членови, наоѓајќи се во вакви историски околности, започнуваат да се прибираат околу еден круг на злото при што доаѓа до уништување на најдлабоките човечки чувства, односно до себеоткажување, до напуштање на сѐ она што дотогаш го красело нивниот лик.

Всушност, филмот е приказна за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски (Мето Јовановски) кој како студент се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста (Светозар Цветковиќ) кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Тој шверцува пеницилин и заработува доволно пари:

... Го имам клучот кој ги отвора сите врати ...

Тој покажува наклонетост кон Вера (Владислава Милосављевиќ), девојката на постариот брат додека тој е во затворот, за која на крајот се открива дека била советска шпионка; кога за тоа ќе се дознае, Вера се самоубива. Но, соперничката банда на Бугер (Петар Арсовски) полека ги „средува“ работите во тогашното скопско подземје и Коста, во безизлезна ситуација, се решава да ја напушти земјата и бега на запад. Никој дома не знае каде е заминат и што се случува со него. Истовремено, Драгослав се самоубива.

Remove ads

Улоги

Глумец Улога
Ацо Ѓорчев Стојан
Милица Стојанова Мајката
Мето Јовановски Драгослав
Владислава Милосављевиќ Вера
Светлозар Цветковиќ Коста
Петре Арсовски Бургер
Гоце Тодоровски Тодор
Младен Крстевски Градимир
Душко Костовски Диле
Мите Грозданов Инспектор
Ванчо Петрушевски Шоферот
Јовица Михајловски
Александар Шехтански Полицаец
Гоце Влахов Стражар
Кица Ивковска Велјановска Жената
Јордан Витанов
Синоличка Трпкова Нале
Георги Бисерков
Кире Симоновски Коле
Мустафа Јашар
Кирчо Божиновски
Страшо Милошевски
Иван Бекјарев Инспектор во Суботица
Димитар Спасески
Ратко Танкосиќ Шверцер
Раде Рогожаров
Remove ads

Локации

Филмот е снимен на повеќе локации: железничка станица во Суботица, скопско Маџир Маало, Буњаковец, реката Треска, Старата скопска чаршија,

Реакции и награди

Реакции

„Среќна Нова '49“ го означува почетокот и една од врвните точки на „неочеочекуваниот подем на македонската играна продукција“.[2] За Роберт Алаѓозовски, почнувајќи токму од ова дело на Столе Попов, македонскиот филм „сукцесивно ги воведува маргиналните слоеви на македонското општество во центарот на кинестетското интересирање, доловувајќи ја со сите филмски средства нивната глобална слика, прикажувајќи ги нивните светови, сомнежи и стремења, но притоа особено инсистирајќи на субјективното авторско видување на филмската тема“.[5] Филмот бил прогласен за најдобар југословенски филм за 1986 година и бил предложен за југословенски кандидат за Оскар, но сепак, не успеал да влезе во потесниот избор.

Награди

Филмот бил награден со повеќе филмски награди, како:[6]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads