Јордан Витанов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Јордан Витанов (Велес, 13 јануари 1958 ) — македонски театарски и филмски глумец и режисер.
Remove ads
Животопис
Витанов е роден на 13 јануари 1958 година во тогашен Титов Велес[1]. Живее и работи во Велес, а по родителите води потекло од велешките села Грнчиште каде особено ја помогнал обновата на селската црква[2] и Горно Чичево. Дипломирал на отсекот за глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1986 година. Од 1987 година, тој е член на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес[1], каде во два мандата (1999-2002 и од 2006-2017) бил и директор на истиот[3]. Покрај во театарот, остварил улоги и во повеќе играни филмови и телевизиски серии.
Од многуте забележителни остварувања посебно треба да бидат истакнати улогите на Содо Арамијата во претставата „Крчма на патот за Јевропа“ од Жанина Мирчевска, во режија на Коле Ангеловски. За оваа улога Јордан Витанов ја добил наградата за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е на награда за најдобра машка улога на Меѓународниот театарски фестивал „Боспорски Агони“ во Керч, Украина, за улогата на ликот Филоктет во истоимената претстава, во режија на Мето Јовановски. Јордан Витанов е добитник и на Деветоноемвриска награда на Општина Велес. Покрај на матичната сцена, остварувал и повеќе ангажмани во други театарски куќи низ државата[4].
Remove ads
Филмографија
Година | Филм | Улога |
1986 | Среќна нова '49 ТВ-филм | |
1989 | Кога меракот пее ТВ-серија | |
1991 | Македонија може ТВ-серија | |
1993 | Еурека ТВ-серија | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | Полицаец |
1994 | Проколнати ТВ-филм | Војвода |
1995 | Заборавени ТВ-филм | Калуѓерот |
1998 | На Балканот не се пие чај ТВ-филм | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Блаже |
2001 | Прашина ТВ-филм | |
2003 | Последниот фалцер ТВ-филм | Абдула |
2004 | Големата вода ТВ-филм | Војник |
2005 | Крчма на патот кон Европа ТВ-филм | |
2006 | Мост ТВ-филм | Огнен |
2007 | Јас сум од Титов Велес ТВ-филм | |
2007 | Елегија за тебе ТВ-филм | Бане |
2007 | Цимери ТВ-серија | |
2010-2013 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2013-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | Јанаки |
2014 | До балчак ТВ-филм | Трговец |
2014-2015 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2015 | Последниот Македонец ТВ-филм | Вангел |
2018 | Ругање со Христос ТВ-филм | Генерал |
2022 | Куќен притвор ТВ-серија | Војник 1 |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Академикот |
2023-2025 | Македонски стари приказни ТВ-серија | |
2025 | Утре наутро ТВ-филм | Тренерот |
2025 | Утре Наутро ТВ-серија | Тренерот |
Remove ads
Награди и признанија
- Награда за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогата на ликот Содо арамијата во претставата „Крчма на патот за Европа“
- Добитник на наградата за најдобра машка улога на Меѓународниот театарски фестивал „Боспорски Агони“ во Керч Украина
- Награда за главна машка улога за улогата на ликот Благој во претставата „Ноќите во Бел Сатен“ на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“
- Награда „9 Ноември“ на Општина Велес.
- Награда „Петре Прличко“
- Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads