Стано

From Wikipedia, the free encyclopedia

Станоmap
Remove ads

Стано (грчки: Παλαιοχώρι) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Палехор бил дел од општина Леригово[2].

Кратки факти Стано Στανός, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Станос се наоѓа на 49 километри северозападно од градот Ерисово и на 9 километри северно од Леригово, во североисточниот дел на Халкидик, на надморска височина од 515 метри, во подножјето на планината Пијавица[3].

Палехор опфаќа површина од 60 квадратни километри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Цркваѕа „Воведение на Пресвета Богородица“ била изградена во 1811 година[4].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 550 жители Грци[5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 500 Грци[6].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 525 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 499 жители.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото броело 532 жители, додека во 1940 година селото броело 632 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 606 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 756 жители, во 1971 година имало 804 жители, во 1981 година имало 676 жители[7], додека во 1991 година имало 819 жители. Денеска, населението на селото е 859 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads