Старошпански јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Старошпански — ран облик на шпанскиот којшто е образуван за време на алфонсијанската ера преку развој на првобитните облици на јазикот.[1][2] Оваа јазична епоха се протега во периодот од околу 1200 до 1450 година. Како центри за развој на јазикот се сметаат Бургос (Фердинанд III Кастиљски) и подоцна Толедо (Алфонсо X Кастиљски).[3]

Различните јазици на северот на Шпанија, кои се развиле од народниот латински, јасно се разликувале еден од друг уште во текстовите на глосите запишани во 10. односно 11. век во манастирите Санто Доминго де Силос и Сан Миљан де ла Когоља. Еден монах од манастирот Сан Миљан де ла Когоља го напишал текстот „Емилијански глоси“, во којшто се зборува за западноарагонскиот (или наварско-арагонски), јазик којшто се има развиено од народниот латински. Западноарагонскиот и астуриско-леонскиот јазик подоцна биле „кастиљанизирани“ и со тоа за време на владеењето на кралот Алфонсо X се развиле во старошпански. Во манастирот Сан Миљан де ла Когоља меѓу другото во 12. и 13. век живеел и работел монахот Гонсало де Берсео (околу 1198-1264), кој важи за првиот познат поет на новиот народен шпански јазик.[4]
Еден од најважните текстови на старошпански е „Песна за Сид“, еп од непознат автор, инспириран од животот на шпанскиот благородник Родриго Дијаз де Вивар, попознат како „Ел Сид“. Епот е еден од најраните дела на шпанската литература.
Remove ads
Историја на постанокот на јазикот
Географскиот регион којшто се смета за точка на настанување на кастиљскиот јазик (шпанскиот јазик) е сместен јужно од Кантабриските Планини (шпански: Cordillera Cantábrica или Sistema Cantábrico), планински венец во Северна Шпанија, којшто се протега западно од Пиринеите.
Името на регионот Кастиља за првпат се споменува во латински документ од 800 година, каде што се зборува за една црква „во подрачјето на Кастиља“ (шпански: in territorio Castelle) или поточно:
„ | Имаме црква во чест на Св. Мартин, во областите Патринијано во подрачјето на Кастиља. | “ |
Во својата хроника, Алфонсо III Леонски, крал на Астурија од 9. век, го запишал следното:
„ | „Вардулија“ сега се нарекува „Кастиља“. | “ |
Всушност, името на регионот потекнѕва од многуте кастели (латински: castella, шпански: castillos), коишто биле изградени за одбранбени цели против нападите на Берберите и Арабјаните.
Remove ads
Фонологија

Некои фонолошки особености на согласките[5] се следните:
- безвучна венечна слеана согласка /ts/: прикажана со буквата ç пред самогласките a, o, u и со c пред самогласките e и i;
- звучна венечна слеана согласка /dz/: прикажана со буквата z;
- безвучна венечна струјна согласка /s̺/: прикажана со буквата s на почетокот или крајот од зборот и пред и по согласките и со ss меѓу самогласки;
- звучна венечна струјна согласка /z/: прикажана со буквата s меѓу самогласки и пред звучни согласки;
- безвучна задновенечна струјна согласка /ʃ/: прикажана со буквата x; и
- звучна задновенечна струјна согласка /ʒ/: прикажана со буквата j и со g пред самогласките e и i.
Старошпанскиот систем на самогласки е прикажан во табелата во продолжение:
Remove ads
Пример на текст на старошпански
Во продолжение е претставен извадок на текст (стихови: 330–365) од делото „Песна за Сид“ (слушнете го текстот со старошпански изговор):
старошпански
|
современ шпански
|
Remove ads
Поврзано
- Ладино
- Шпански јазик
- Средновековен шпански јазик
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads