Затворена самогласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Затворена самогласка е вид на самогласен глас во извесни јазици. Карактеристично за предната самогласка е тоа што јазикот се става што е можно поблиску до горниот ѕид на устата без да направи препрека која би ја направила согласка. Понекогаш се нарекуваат и високи самогласки бидејќи јазикот се подига високо при нивната творба.[1]
Во македонскиот јазик, затворени самогласки се и и у.[1] Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве затворени самогласки:
- затворена предна незаоблена самогласка [i] (мак. и)
- затворена предна заоблена самогласка [y]
- затворена средна незаоблена самогласка [ɨ]
- затворена средна заоблена самогласка [ʉ]
- затворена задна незаоблена самогласка [ɯ]
- затворена задна заоблена самогласка [u] (мак. у)
Во контекст на фонологијата на даден јазик, „висока самогласка“ може да биде секоја согласка што е позатворена од средна. За високи може да се сметаат полузатворените, речиси затворените и затворените самогласки.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads