Отворена предна незаоблена самогласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Отворената предна незаоблена самогласка (ниска предна незаоблена самогласка) е вид на самогласка што се јавува во речиси сите јазици во светот. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨a⟩. Во македонскиот, како и многу други јазици, гласот е претставен со буквата а.
Меѓутоа, во практиката често се случува самогласката да се едначи со гласот ⟨æ⟩ (речиси отворена (речиси ниска) предна незаоблена самогласка), а со ⟨a⟩ да се означува отворената (ниска) незаоблена самогласка од среден ред.
Remove ads
Особености
- Според висината, самогласката е отворена (ниска), што значи дека јазикот се става што е можно подалеку од горниот ѕид на устата, т.е. што пониско.
- Според местото на образување (редот), самогласката е предна, што значи дека јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
- Според обликот на усните, самогласката е незаоблена, што значи дека усните се лабави и не заземаат округол облик.
Remove ads
Јазици
Највеќето јазици имаат извесен облик на предна незаоблена самогласка. Јазиците што имаат само по една ниска самогласка исто така можат да го користат симболот <a> од практични причини, бидејќи е единствената ниска самогласка што има своја буква во основната латиница. Во тие случаи, самогласката е поблиска до средното [ä] отколку до предното [a].
Remove ads
Поврзано
- Отворена задна незаоблена самогласка
- Отворена незаоблена самогласка од среден ред
Наводи
Библиографија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads