Стефан Спировски

Македонски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia

Стефан Спировски
Remove ads

Стефан Спировски (роден на 23 август 1990 во Битола) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на АЕК Ларнака и на македонската репрезентација.

Кратки факти Стефан Спировски, Лични податоци ...
Remove ads

Клупска кариера

Спировски ја започнал својата кариера во екипата на Пелистер, во која го имал своето деби за првиот тим во 2007 година. За Пелистер настапувал две и пол сезони, а во зимскиот трансферен прозорец 2010 година му се приклучил на српскиот клуб Борац Чачак.[1] Своето деби во Српската Супер лига го имал на 20 март 2010, против Јагодина во победата со 1-0 и токму тој бил стрелец на единствениот погодок.[2] На 16 мај 2012, Спировски бил во почетниот состав на Борац во финалето на Купот на Србија, во кое неговиот тим загубил со 2-0 од Црвена Ѕвезда. По завршувањето на сезоната 2011-12 сезона, кога Борац неочекувано испаднал од Суперлигата, Спировски заминал на позјамица во Работнички. До зимската пауза во првенството одиграл 9 натпревари и постигнал еден гол, во победата со 3-1 над Брегалница. Потоа, тој се вратил во Борац за вториот дел од сезоната, играјќи 6 натпревари во кој постигнал еден гол во Српската Прва лига (втора лига по ранг во Србија). За четири години во Борац, вкупно во сите натпреварувања одиграл 60 натпревари и постигнал 2 гола.

На 26 јануари 2014, Спировски потпишал за бугарскиот прволигаш Берое, откако две недели претходно дошол на проби и успеал да го импресионира тренерот Петар Хубчев.[3][4] По потпишувањето на договорот му бил доделен дресот со број 92. Своето деби за старозагорци го направил на 23 февруари во поразот со 3-0 на гостувањето против Литекс. Својот прв гол за Берое го постигнал на 7 мај 2014, во победата над Љубимец со 4-0, со прекрасно изведен слободен удар од голема далечина.[5] Првата сезона во клубот ја завршил со 10 настапи и еден гол. Следната сезона одиграл 9 натпревари во А група и еден во Купот на Бугарија до зимската пауза, во која му бил раскинат договорот.[6]

На 23 декември 2015, потпишал двегодишен договор со екипата на Вардар и избрал да го носи дресот со бројот 8.[7] Својот прв погодок во црвено-црниот дрес го постигнал на 16 мај 2015, во победата на домашен терен над Ренова со 4-1, со која екипата на Вардар станала шампион на Македонија.[8]

На 28 август 2017, Спировски потпишал тригодишен договор со унгарскиот Ференцварош.[9]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Тој е поранешен репрезентативец на Македонија во репрезентациите под под 19 и под 17 години. Тој исто така има 21 настап за репрезентацијата под 21 година со што се наоѓа на делба на 6. место по бројот на настапи во оваа категорија.[10]

На 10 август 2011 тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во пријателски натпревар против Азербејџан.[11] Својот прв гол за македонската репрезентација Спировски го постигнал на 28 март 2017, во победата со 3-0 над Белорусија во пријателски натпревар одигран на Филип II арената во Скопје.[12]

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија, Дата ...
Remove ads

Титули

Вардар

2014-2015, 2015-2016, 2016-2017

Ференцварош

2018-2019

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads