Сушево (Кумановско)

село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia

Сушево (Кумановско)map
Remove ads

Сушево — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Стопанство

Економијата во ова село скоро и да не постои, бидејќи морталитетот е поголем од наталитетот т.е. во ова село скоро и да нема млади. Во селото има останати уште само неколку семејства.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушево живееле 240 жители, од кои 190 Албанци, 30 Роми и 20 Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушево имало 56 жители, патријаршисти србомани .[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[4]

На пописот од 2002 година, селото имало 34 жители, од кои 30 Срби, 3 Македонци и 1 Албанец.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 2 Македонци и 5 Срби.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Сушево е православно мешано село, порано било муслиманско..

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Ѓерманци (9 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка; Жегљанци (6 к.) доселени се од селото Жегљане; Пузаљчани (6 к.) доселени се од селото Пузајка. А подалечно потекло од селото Драгоманце; Малотинчанци (3 к.) доселени се од селото Малотино; Нигуланци (2 к.) доселени се од селото Никуљане, каде припаѓале на родот Веселинци. Уште подалечно потекло имале од селото Жегра кај Гнилане во Косово. Сите родови се доселени од 1913 до 1925 година.[10]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Во средината на XIX век за жителите на ова село настанал тежок период по што морале да се иселат. На нивно место се населиле муслимани. Православните се иселиле во Никуљане (Грујинци 26 к.), Ослар кај Бујановац (Гарванци 10 к.), и во Горно Коњаре (Сушевци 2 к.)

По Втората светска војна населението се иселувало претежно во Куманово.[10]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads