Островски територии на САД

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Островски територии (англиски: insular areas) — зависни подрачја под управа на САД, но не припаѓаат на ниедна сојузна држава, ниту на федералниот округ Колумбија.[1] За нивната управа е задолжена Службата за островски работи во состав на Министерството за внатрешни работи.

Бидејќи териториите не се составен дел од самите САД, жителите уставно право на американско државјанство, туку го добиваат истото со повелба на конгресот. Исклучок е Американска Самоа, чии жители можат да живеат и работат во САД, но не и да гласаат и вршат јавни должности.

Жителите на островските територии не плаќаат данок на приходи, но се обврзани кон САД со други давачки како што се царинските,[2] данок на стоков промет,[3] социјално осигурување и др.

Во островските територии се вбројуваат не само зависните територии на туку и независните земји што имаат потпишано договор за слободно здружување со САД. Иако учествуваат во многу заеднички работи, тие се правно засебни од САД и нивните жители не се државјани на таа земја.

За разлика од сојузните држави, суверенитетот на овие територии не е во народот, туку во Конгресот. Оваа установа потоа им дава право на значајна самоуправа и пратеник во своите редови без право на глас.

Remove ads

Список на територии и статус

Thumb
Карта на островските територии на САД

Во островските територии влегуваат неколку карипски и тихоокеански острови.

Во состав на САД

Населени

  • нема

Ненаселени

Зависни територии

Населени

Ненаселени

Заедно со Палмирскиот Атол, следниве острови ја сочинуваат целината наречена Мали оддалечени острови на САД:

Во слободно здружение

Ова се три суверени држави што влегле во слободно здружение со САД.

Поранешни територии

  •  Зона на Панамскиот Канал (под заедничка управа на Панама и САД од 1903 до 1979 г.)
  •  Куба, (стекнала независност во 1902 г.)
  •  Филипини (стекнале независност во 1946 г.)
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads