Тиса (река)
река во Европа From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тиса (српски, украински и русински: Тиса; унгарски: Tisza; романски и словачки: Tisa) — една од главните реки во Средна Европа. Извира во Украина и настанува кај Рахов како спој од Бела Тиса, (од планината Чорногора) и Црна Тиса, (од Горгањ). Тече долж границата со Романија, па влегува во Унгарија кај Тисабеч и излегува од земјата кај Сегед. Според преданијата, хунскиот водач Атила е закопан под пренасочен ракав на Тиса.

По Сегед, реката влегува во Војводина и се влева во Дунав кај селото Нови Сланкамен, образувајќи ја границата помеѓу Банат и Бачка. Оди во кратки потези и долж унгарско-украинската и унгарско-српската граница.
Сливот на Тиса зафаќа површина од 156.087 км2,[3] и долг 965 км — најголем од сите притоки на Дунав.[3] Има среден годишен истек од 792 м³/с, и со тоа учествува со 13% од дунавскиот слив.[3]
Remove ads
Уредување на коритото
Некогаш Тиса течела во Унгарија цели 1.419 км, во голем дел низ Големата Унгарска Низина — една од најголемите рамници во Европа. Бидејќи реките во рамничарски предели течат мошне бавно, Тиса имала доста кривини, што редовно доведувало до поплави во поречието.
По неколку помали обиди, унгарскиот државник Иштван Сечењи го покренал уредувањето на коритото на Тиса, кое траело од 1846 до 1880 г. Со ова должината на течението во Унгарија се намалило на 966 км, покрај каналите и ракавите што играат регулативна улога.
Уреденото корито претставува еден од најголемите систми за заштита од поплави на континентот — поголем од оној на Холандија, коритото на По и Долината на Лоара.
Remove ads
Пловност
Тиса е пловна во голем дел од течението, но Унгарија не дозволувала сообраќај на странски пловила сè до стапувањето во ЕУ. Реката не е пловна при суша или кога е поплавена.[5]
Поважни притоки
Поважни притоки на Тиса се:
- Чик (кај Бачко Петрово Село)
- Јегричка (кај Жабаљ)
- Бегеј (кај Тител)
- Муреш (во Сегед)
- Киреш (кај Чонград)
- Заѓва (во Солнок)
- Шајо (во Тисаујварош)
- Бодрог (во Токај)
- Красна (во Вашарошнамењ)
- Сомеш (кај Вашарошнамењ)
- Тур
- Батар
- Шугатаг
- Баја
- Шарош
- Шапинца
- Валеја Хотарулуј
- Бику
- Сарасиу
- Валеја Јепеј
- Иза
- Вишеу (во Бистра)
Градови
Тиса тече низ следниве земји и градови (по низводен редослед):
Поврзано
- Тиса (дрво)
- Тиса (Германија)
- Канал Дунав—Тиса—Дунав
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

