Кањижа

град во Војводина, Србија From Wikipedia, the free encyclopedia

Кањижа
Remove ads

Кањижа (унгарски: Kanizsa или Magyarkanizsa) — град и општина во Севернобанатскиот Управен Округ во Војводина, Србија. Според пописот од 2022 година, во градот живеат 8.067 жители, додека во истоимената општина живеат 20.141 жител.

Кратки факти КањижаКањижа Magyarkanizsa, Држава ...
Remove ads

Географија

Иако припаѓа на севернобанатскиот округ, територијата на општината Кањижа всушност се наоѓа во регионот Бачка. Територијата на општината се граничи со реката Тиса и со општината Нови Кнежевац на исток, со општината Сента на југ, со општината Суботица на запад и со границата на Унгарија на север.

Населени места

Населби во општината: Адорјан, Велебит, Војвода Зимоњиќ, Долине, Кањижа, Мале Пијаце, Мали Песак, Мартонош, Ново Село, Ором, Тотово Село, Трешњевац, Хоргош.

Thumb
Општина Кањижа во карта на Србија
Remove ads

Историја

Градот бил спомнат во хрониката Gesta Hungarorum под името Кенесна и, аспоред хрониката, припаѓал на војводството на бугарскиот војвода Салан кој управувал од Тител во 9. век.[1] Во првите пишани документи по унгарското освојување на Средна Европа, градот се споменува како Кнеса или Кенесна. Ова име дошло од словенскиот збор кнез. Во 1335 година, градот бил спомнат како Вила Каниса.[2]

Во првата половина на 16. век, градот бил управуван од Источното Унгарско Кралство, до 1552 година бил управуван од Османлиското Царство (Чанадски санџак). Ве периодот од 1686 до 1918, градот бил под контрола на Хабсбуршката монархија. Првично, тој бил дел од Хабсбуршката Воена Граница, но бил поставен под граѓанско управување во 1751 година. На почетокот на османслиското управување, локалното унгарско население ја напуштило областа. Во текот на отоманскиот период[2] и исто така во текот на првата деценија од хабсбуршкото управување, градот бил главно населен од етнички Срби. Унгарските колонисти од северните држави од Кралството Унгарија започнале да се населуваат тука во 1753 година и станале доминантна етничка група во градот.[3] Од 1918 година, градот бил дел од Кралството Југославија.

Remove ads

Демографски податоци

Етнички групи во општината

Населението во општината Кањижа се состои од:[4]

Сите населби во општината имаат унгарско мнозинство освен селото Велебит, кое главно е населено од Срби.

Етнички групи во градот

Населението во градот Кањижа се состои од:[5]

  • Унгарци= 8,319 (84.28%)
  • Срби= 894 (9.06%)
  • Други и неизјаснети = 658 (6.67%)

Познати личности

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads