Тодор Јанев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тодор Јанев, роден Тодор Ристов Јанев (Мартолци, 1912 — 7 ноември 1942, Лисиче) — истакнат македонски партизан од велешкиот реон и учесник во НОБ. Во рани години се приклучил во војската на Кралството Југославија и учествувал во борбите околу Велес за време на априлската војна бротив бугарската војска.[1] После почетокот на народното востание Јанев се приклучил во велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и храбро се борел за ослободување на Македонија. Загинал при напад кон бугарска станица во Лисиче. Тодор Јанев заедно со Благој Јосмов се сметаат за првите загинати борци од ПО „Димитар Влахов“. По негова чест училиштето ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка го носи неговото име.[2]
Remove ads
Животопис
Рани години
Тодор Јанев се родил во селото Мартолци во сиромашно земјоделско семејство. Со парични средства неговото семејство успешно се преселиле во Чашка кога Јанев бил млад.[3] За неговото основно образование тој учел во Чашка. Не продолжил со средношколско образование и се преселил во Босна и Херцеговина меѓу 1927 и 1928 година.[3] Таму работел како печалбар се до 1932 година кога добил понуда за стипендија од тогашната војска на Југославија. Поради тоа Јанев се преселил во Белград и почнал да се образува во главната воена академија на Југославија.[1]
Во 1936 година завршил со военото образование и бил приклучен во пешадиски гарнизон кој редовно патувал низ Македонија. Во април 1941 пред Априлската војна бил сместен во Велес. После ликвидирањето на Кралството СХС, Велес паднал под склоп на бугарската окупација. Тодор Јанев повторно се вратил во Чашка за да избегне стрелање од бугарската војска.[1]
Приклучување во НОБ
Пред Априлската војна Тодор Јанев не бил член на Комунистичката партија на Југославија но со формирањето на нова окупаторска власт тој се приклучил во партијата. Заради неговото воено знаење и искуство тој бил назначен да собира муниција, облека и друго помошни материјали.[1] Во неговото село и во соседната околина им помогнал на велешките партизани со материјални средства.
Заради неговота соработка со комунистите бугарските полицајци во неговото село планирале да го уапсат и интерниран во Скопје. Поради тоа во летото, 1942 година тој избегнал од неговото родно село и се приклучил во велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ за безбедност.[1] Со неговото воено образование тој бил промовиран во партизанскиот одред. Неговата прва битка била во Азот покрај железничката станица Клајман во 27 септември. Во 29 септември 1942 година успешно го нападнал селото Чашка и во 7 октомври успешно го нападнале прилепското село Десово.[1]
Смртта
Главните водачи на велешкиот партизански одред дале наредба да се нападне бугарскиот гарнизон во Лисиче на 7 ноември 1942 година. При нападот Тодор Јанев трагично загинал,[4] бил убиен од Ангел Бадников, член на велешката контрачета и соработник со бугарската фашистичка власт. После ослободувањето на Велес Ангел Бадников бил убиен по наредба од ОЗНА. Тодор Јанев заедно со Благој Јосмов се сметаат за првите загинати борци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Во нивна чест била пеена народната песна „Борба се води мила ле мамо“.[5] После војната неговите посмртни мошти биле пренесени во велешката костурница. Во негова чест основното училиште ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка го носи неговото име. Некои улици во Велес го носат неговото име.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads