Топалово

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Топаловоmap
Remove ads

Топалово (грчки: Νέα Τυρολόη, Неја Тиролои; до 1927 г. Τοπάλοβον, Топаловон[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и Турци.[3]

Кратки факти Топалово Νέα Τυρολόη, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Серското Поле, на 17 км северозападно од градот Сер на 2 км јужно од Просеник. Денес е споено со Мелникич.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX и почетокот на XX век Топалово било село во Серската каза.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 90 жители Македонци христијани и 140 турци.[4][5]

Сите християни во селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Топалово (Topal-Ova) живееле 80 Македонци патријаршисти.[4][6]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 191 жител. Селото настрадало во Првата светска војна, па така во 1920 г. во него се попишани само 94 лица.[3] Во 1920-тите Турците биле иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а извесен дел од Македонците се иселиле во Бугарија под притисок на грчката власт. На нивно место се доведени грчки колонисти од Турција. Во 1928 г. Топалово се води како етнички мешано село со 496 жители, од кои 489 лица (129 семејства) биле грчки дојденци.[7]

Во 1927 г. е преименувано во Неја Тиролои, т.е. Ново Чорлу, по местото од каде дошле колонистите.

Во 1947 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[8]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads