Мелникич
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мелникич (грчки: Μελενικίτσι, Меленикици; до 1926 г. Μελεγκίτσι, Меленкици[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението брои 621 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во Серското Поле, на 11 км северозападнно од градот Сер и на 13 км источно од селото Просеник, во западните падини на планината Шарлија, на надморска височина од 120 м.[2]
Мелникич е рамничарско и ридско-планинско село, кое е потполно споено со соседното Топалово.[2]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Мелникич бил македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Мелникич (Melnikitch) имало 102 домаќинства и 328 жители Македонци.[3][4]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Мелникич, источно од Ристос, во подножјето на истата долина како и споменатото село. Ова село е чифлик на Михаил од Сер и се одликува со црквата и вилите на сопственикот. Земјата, како и во Ристос е од најдобрата; ги произведува сите зрна, памук, сусам; само лозјата не успеваат. Во црквата „Св. Архангел“ се служи на грчки јазик. 90 македонски куќи.[5] | “ |
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Мелникич имало 550 жители, сите Македонци.[3][6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мелникич имало 640 Македонци под врховенство на патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[3][7]
Во Грција
За време на Првата балканска војна Мелникич е окупиран од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 455 жители. Во 1920 г. броело 388 жители.[2]
Во 1926 година, името на селото било променето во Меленикици (Μελενικίτσι). Во селото никогаш не биле сместени бегалци, а поради високиот наталитет, населението постепено пораснало. Во пописот од 1928 г. се евидентирани 535 луѓе, од кои 469 Македонци и 61 лице од други населби и општини.[2]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува големи количини на памук, жито, фуражни и други земјоделски производи. Поради поволните услови за сточарење, особено во ридско-планинскиот атар на селото, внимание му се посветува и на сточарството.[2]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1919 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 28,3 квадратни километри.[2] Општината Мелникич била приклучена во општината Просеник во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Долна Џумаја.
Селото припаѓа на општинската единица Просеник со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Долна Џумаја, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мелникич, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Архангели“ од 1856 г.
Личности
Родени во Мелникич
- Георги Мухчинов (1866 - 1899) — војвода на ВМОК
- Димитар Карпачев — револуционер на ВМРО, четник[8]
- Прокопиј Мелнички (? - 1891) — епископ на Мелничката епархија на Цариградската патријаршија
- Тома Поп Стојанов (1887 - 1946) — деец на ВМРО
Починати во Мелникич
- Костадин Иванов (1876 - ?) — македонски револуционер
- Никола Николиев (? - 1904) — македонски револуционер, војвода на ВМРО
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads