Топлица (Гостиварско)
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Топлица — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина. Оддалечено е 9 километри североисточно од Гостивар.
Историја
Во XIX век селото било дел од Тетовската каза во Гостиварската нахија во Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Топлица живееле 120 жители, сите Албанци.[4]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Галатска општина и имало 40 куќи со 250 жители Албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.274 жители, од кои 1.267 Албанци, 1 Бошњак и 6 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 918 жители, од кои 882 Албанци и 36 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Топлица е албанско село
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
- Доселеници: Ајдар (21 к.), Даљуш (8 к.) и Еминет (11 к.) доселени се од селото Топојани во Љума, северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Медија (жив на 80 г. во 1951 година) Азир-Билал-Оломан-Ајдар, кој се доселил; Жере (5 к.) доселени се од некое место во Матија во северна Албанија; Лепролар (2 к.) доселени се од селото Неготино, каде припаѓале на истоимениот голем род; Ајдарче (1 к.) доселени се од селото Пирок. Подалечно потекло од Љура во северна Албанија; Лисец (2 к.) доселени се од селото Лисец. А таму се доселени од фисот Бериш (од околината на Скадар); Џеладин (1 к.) доселени се од селото Раковец.[13]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads