Неготино (Полошко)
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Неготино — село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар. До 2004 година било седиште на своја Општина Неготино-Полошко.


Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина, на десниот брег на реката Маздрача. Оддалечено е 12 километри североисточно од Гостивар и 6 километри северно од Врапчиште.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен и имало 90 семејства, 5 неженети и 7 вдовици, сите христијани.[2]
Во XIX век, селото било дел од Тетовската каза, нахија Гостивар, во Отоманското Царство.
Вкупно 17 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Неготино живееле 232 жители, од кои 200 Албанци и 32 Македонци.[5]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Неготин — село во Сенокоска општина во Долнополошкиот срез и има 129 куќи и 943 жители, Албанци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.000 Албанци.[7]
Неготино е најголемо полошко село во Македонија. Така, во 1961 година има 1.664 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 3.192 жители.
Според пописот од 2002 година, во Неготино живеат 3.673 жители, од кои 3.659 Албанци, 1 Турчин, 1 Србин, 1 Бошњак и 11 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.068 жители, од кои 3 Македонци, 2.962 Албанци, 1 Бошњак и 102 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Неготино е албанско село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Доселеници
- Дедолар (1 к.) староседелци. Со доаѓањето на Албанците во селото се имаат измешано со нив, и го имаат прифатено албанскиот јазик.
- Шеелери (17 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Они имаат роднини во селата Вруток и Чајле.
- Шеволе (12 к.) од фисот Бериша во северна Албанија.
- Сејдолар (6 к.) од фисот Бериша во северна Албанија.
- Гарани (4 к.) основачот на родот се викал Асан Гарани. Тој се доселил од селото Гарани кај Кичево. Подалечно потекло од северна Албанија.
- Кокоре (6 к.) доселени се од околината на Пешкопеја во северна Албанија.
- Шулајна (3 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
- Манчолар (17 к.) се викаат и Гоџолар. Доселени се од Хаса во северна Албанија (Суви Хас над Призрен). Припаѓаат на фисот Бериша. Овде живеат од втората половина на XVIII век.
- Султајна (11 к.) доселени се од Чаје во северна Албанија. Во Неготино се доселени кон крајот на XVIII век. Го знаат следното родословие: Сулеман (жив на 73 г. во 1951 година) Мемет-Асан-Мемет Хоџа, кој се доселил во селото.
- Раманлар или Демолар (7 к.) доселени се од северна Албанија.
- Цака (2 к.) по потекло се од селото Ујмиште во Љума. Од таму се населиле во селото Ѓургевиште на Шар Планина. Па од таму некои се спуштиле во Добри Дол, а некои се доселиле во Неготино. Дел се останати и во Ѓургевиште.
- Асе (23 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија (недалеку од Ѓаковица). Во Неготино живеат од втората половина на XVIII век. Некои Албанци од овој род за време на Втората светска војна се однесувале многу лошо кон Македонците во полошкиот регион.
- Спајолар (10 к.) доселени се од северна Албанија.
- Паљолар (8 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Од старото место се иселиле во селото Ломница на Шар Планина. Па потоа некој предок дошол во селото Неготино.
- Демолар (8 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија.
- Парлак (1 к.) доселени се од селото Нови Сеј во Љума, северна Албанија.
- Лепролар (51 к.) они се од фисот Бериша во Матија, северна Албанија. Во Неготино се доселиле тројца браќа кои во старото место паднале на крв. Потоа едниот од браќата се иселил во селото Топлица, додека другите двајца браќа останале во селото, од кои потекнува овој голем род.
- Шериф (1 к.) и Азис (1 к.) они се Роми. Првиот род е од селото Врапчиште, а вториот од Тетово.[14]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 440, 441, 442 и 443 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.561 гласач.[16]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Насер Адеми (1965 - 2001) - командир на терористичката ОНА;
- Фатиме Фетаи - правник, специјален јавен обвинител;
Култура и спорт
Иселеништво
Пред да се населат Албанците во селото, овде живеело православно македонско население. За тоа е доказ целосната македонска топонимија во полошкиот региот, како и зачуваните родови кои си знаат за старото место на своите предци. Сега се знае за следните македонски родови со потекло од ова село, во селата. Сенокос (Меноски), Волковија (Каракушевци и Цветковци). Стари македонски иселеници од ова село има и во Тетово. Последниот македонски род во селото се викал Илијески.[14]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads