Тополница (Пиринско)

село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тополница (Пиринско)map
Remove ads

Тополницасело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. До 1966 година, името на селото било Нова Тополница[1].

Кратки факти Тополница Тополница, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Тополница се наоѓа на 11 километри источно од Петрич, во Петричко-санданската котилина, на десниот брег од реката Струма и во североиаточните делови на планината Беласица. Селото се наоѓа на надморска висина од 84 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 9.342 км2. Климата е преодна средоземна со максимален зимски и летен минимум врнежи од дожд. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 500 милиметри.

Remove ads

Историја

Откриена е доцна неолитска населба на околу 2 километри јужно од селото во месноста Кременица во близина на бугарско-грчката граница[2][3].

Османлиско Царство

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година со името Тополница. Во истата година, во селото живееле 21 христијански семејства[4].

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополница (Topolnitza) е село со 25 семејства и 80 Македонци[5][6].

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Тополница, на десниот брег на Струма спроти Кулата. Овде се наоѓа пределот помеѓу Петричко и Демирхисарско. Сместено е на источниот крај на Беласица на северозапад од Валовишта 6 часа. Одгледувањето добиток е во прв план. Од ова место доаѓаат познатиот тополнички волк. 30 турски куќи, 25 бугарски[5][7]

.

Георги Стрезов селото го споменал и по вторпат, и за него запишал:

Тополница, во подножјето на Беласица; се н аоѓа на И од Петрич, два часа пат; до Струма нема 12 час; растојанието до Струмица е исто. Нивните ниви се долж овие две реки. Има 25 куќи, бугарски[5][8]

.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 220 жители, сите Македонци[5][9]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 36 ученици[5][10].

Според митрополитот Емилијан Мелнички, на 7 февруари 1908 година, чета на ВМОРО составена од 7 луѓе, предводена од Кочо Хаџиманов, водела битка во Тополница со османлиските трупи, губејќи неколку војници и документи[11].

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, едно лице од селото било доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[12].

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Remove ads

Население[5][13]

Повеќе информации Година, Жители ...
Население по возраст
од 2011 година
[14]:

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads