Тор Хушовд

друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Тор Хушовд
Remove ads

Тор Хушовд (норвешки: Thor Hushovd; р. 18 јануари 1978 ) — поранешен норвешки професионален друмски велосипедист, кој се натпреварувал од 2000 година до 2014 година. Познат бил во спринтот и хронометарските трки; Хушовд бил трикратен национален друмски првак (2004, 2010, 2013) и победник на Светското друмско првенство во 2010 година. Тој бил првиот Норвежанец, кој водел на Тур де Франс и првиот Скандинавец, кој победил на друмската трка во велосипедизам на Светското друмско првенство. Исто така, тој е Скандинавец со најмногу етапни победи на големите трки. Тој е сметан како најголем норвешки велосипедист на сите времиња. Се повлекол од велосипедизмот во септември 2014 година.[1]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Thumb
Тор Хушовд ја носеше жолтата маичка од втората до деветтата етапа на Тур де Франс 2011.
Thumb
Хушовд во последните метри пред победата на прологот на Тур де Франс 2006.
Remove ads

Личен живот

Хушовд моментално престојува во Монте Карло,[2][3] со неговата жена Сузана,[4] и нивната ќерка Изабела (р. 2009).[5] Меѓутоа, семејството поседува и куќа во Гримстад, Норвешка.[6]

„Кога ќе се преселиш во место каде не треба да плаќаш данок на приход, нема потреба да криеш дека тоа многу значи. Но, не е само поради даноците... туки и поради динамичните друштвени настани и исправно“.

Кариера

Хушовд станал светски хронометарски првак за под 23 години и ги освоил верзиите на Париз-Рубе и Париз-Тур за под 23 години пред што станал професионалец во 1998. Тој бил норвешки шампион во хронометар во 2004 и 2005 и друмски првак во 2004 и 2010. Во 2006, тој освоил седум UCI ProTour-трки и две етапи на Тур де Франс. Тој го освоил прологот во Стразбур и водел по првиот ден и покрај исеченицата на раката. Тој продолжил со шавови и повторно ја стекнал жолтата маичка по втората етапа со третото место. Тој ја освоил последната етапа, победувајќи го Роби Мекјуан во спринт. На Вуелта а Еспања 2006 тој ја освоил шестата етапа, ја облекол златната маичка на три етапа и победил во бодовниот пласман.

На Тур де Франс 2008, Хушовд ја освоил втората етапа во масовен спринт во завршницата.[7]

2009

Во 2009, Хушовд возел за Сервело ТестТим.[8] Тој ја освоил првата екипна победа во сезоната на третата етапа на Трката околу Калифорнија. На Тур де Франс, тој ја освоил зелената маичка за бодовен пласман по вторпат, пред Марк Кевендиш. Обично спринтерите со најмногу етапни победи го освојуваат бодовниот пласман, но Хушовд имал победа само на една етапа, етапата 6, додека Кевендиш победил на шест. По контроверзната 14. етапа, каде Кевендиш бил потиснат во задниот дел од групата поради попречување на Хушовд, Хушовд нападнал сам на етапата 17, планинска етапа, освојувајќи два средни спринта.[9][10] Хушовд ја освоил третата етапа на Трката околу Мисури – 183 км на ридеста етапа – во септември 2009, во завршен спринт.

2010

На 9 мај 2010, Хушовд ја скршил клучната коска на тренинг по судир со млада девојка.[11] На Тур де Франс, Хушовд ја освоил третата етапа, која била необична по возењето на калдрма. Бил подобар во спринтот од пет други возачи.[12] Оваа победа му ја донела зелената маичка, но на крајот ја изгубил од Алесандро Петаки од екипата Лампре-Фарнезе Вини.

На 3 октомври 2010, Хушовд го освоил светското друмско првенство, кое започнало во Мелбурн и завршило во Гилонг, Австралија. Тој бил првиот Норвежанец што го освоил.[13][14] VeloNews напишал: „Хушовд...доминантен на завршниот спринт на крајот на возбудливата трка од 267 километри, победувајќи го Данецот Мати Брешел и Австралиецот Алан Дејвис.“ Фаворитот, Филип Жилбер, бил фатен на три километри пред крајот.[15]

2011

Во текот на Тур де Франс 2011, Хушовд ја носел жолтата маичка и на изненадување на сите ја задржал низ неколку ридести етапи, за кои не се очекувало да ги издржи и второпласираниот Кедел Еванс не можел да ја надополни предноста од 1 секунда, која Хушовд ја имал. Хушовд повторно ги изненадил неговите обожаватели на етапата 13, кога бил еден од првите возачи преку врвот од екстра категорија Кол д’Обиск и користејќи ги неговите супериорни вештини за спуштање (едно време се спуштал со брзина од 69 км/ч) ги стигнал и поминал водачите Давид Монкутие и Жереми Роа, со што ја освоил етапата. Тој повторно ги користел неговите вештини за спуштање на етапата 16, кога тој, Едвалд Боасон Хаген и неговиот совозач Рајдер Хесједал заминале први на спустот по Кол де Манс (спуст, кој за возачот во генерален пласман Енди Шлек изгледал преопасно за трката) и го победил Боасон Хаген во последниот спринт, со што ја освоил неговата втора етапа на Трката.

2012

Хушовд, страдајќи од тогашен недијагностициран медицински проблем, морал да ја напушти Џиро д’Италија 2012 и да го откаже учеството на Тур де Франс и олимписката друмска трка.[16] Подоцна, медицинското ослабување било опишано како „вирус и воспаление на мускулите“ од тим на доктори.[17] Хушовд едвај да постигнал некој забележлив резултат во сезоната освен 14. место на Париз-Рубе. Во октомври, тој изјавил дека се надева дека ќе ја остави лошата година и вирусот зад него и дека е оптимист и мотивиран за сезоната 2013.[18]

2013

Хушовд ја освоил својата прва победа по Трката околу Британија 2011 пред Том-Јелте Слагтер од {{{име на тимот-2013}}} на првата етапа на Тур ду Хаут Вар во февруари. Тоа било негова прва победа со Аксент Џобс-Ванти.[19]

Повлекување

Во јуни 2014 година, Хушовд објавил дека ќе се повлече по Светското друмско првенство откако се борел со инфективна монунуклеоза од 2012 година.[20][21] Меѓутоа, откако имал тежок пад на Тур ду Поату-Шарент, Хушовд изјавил дека нема да учествува на Светските првенства.[22] Негова последна трка била ГП Импанис-Ван Петегем во септември.[1]

Remove ads

Достигнувања

1998
1. Светски првак во хронометар под 23 години
1. Париз-Рубе под 23 години
2000
7. Поединечен хронометар на Летната Олимпијада
2001
1. Етапа 5 (ТТТ) Тур де Франс
1. Краен пласман Тур де Норманди
1. Бодовен пласман
1. Краен пласман Трка околу Шведска
1. Краен пласман Париз-Корез
2002
1. Етапа 18 Тур де Франс
1. Етапа 2 Тур де л’Ен
2003
1. Етапа 2 Критериум ду Дофине
1. Етапа 1 Вуелта а Кастила и Леон
2004
1. Национален првак во хронометар
1. Национален друмски првак
1. Етапа 8 Тур де Франс
1. Етапа 1 Критериум ду Дофине
1. Краен пласман Француско првенство во друмски велосипедизам
1. Класик Харибо
1. Гран При де Денен
1. Тур де Вандеја
2005
1. Национален првак во хронометар
Волта а Каталуња
1. Етапа 7
1. Бодовен пласман
1. Бодовен пласман на Тур де Франс
1. Етапа 5 Вуелта а Еспања
1. Етапа 2 Критериум ду Дофине
3. Милано-Санремо
2006
Тур де Франс
1. Пролог
1. Етапа 20
Вуелта а Еспања
1. Етапа 6
1. Бодовен пласман
1. Гент-Вевелгем
1. Етапа 7 Критериум ду Дофине
1. Етапа 4 Тирено-Адријатико
Волта а Каталуња
1. Етапа 3
1. Бодовен пласман
1. Бодовен пласман Четири дена на Динкерк
2007
1. Етапа 7 Џиро д’Италија
1. Етапа 4 Тур де Франс
2008
1. Пролог Волта а Каталуња
1. Етапа 1 Волта а Каталуња
1. Бодовен пласман
1. Пролог Париз-Ница
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1 Средоземна трка
1. Етапа 6 Четири дена на Динкерк
1. Етапа 2 Тур де Франс
2009
1. Етапа 6 Тур де Франс
1. Бодовен пласман
Етапа 17 Награда за борбеност
Трка околу Мисури
1. Етапа 3
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3 Трка околу Калифорнија
1. Омлоп Хет Ниувсблад
Волта а Каталуња
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 4 Тур ду Поату Шарент
3. Париз-Рубе
3. Милано-Санремо
2010
1. Светски друмски првак
1. Национален друмски првак
1. Етапа 3 Тур де Франс
1. Етапа 6 Вуелта а Еспања
2. Париз-Рубе
2011
Тур де Франс
1. Етапа 2 (ТТТ)
1. Етапа 13
1. Етапа 16
Ја носел жолтата маичка од етапа 2 до етапа 9
1. Етапа 4 Тур де Свис
1. Етапа 4 Трка околу Британија
8. Париз-Рубе
2013
1. Национално друмско првенство
1. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
Трка околу Полска
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 3 Трка околу Австрија
1. Етапа 1 Трка околу Пекинг
2. Национално хронометарско првенство
4. Гран при д’Исберг
5. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
1. Етапа 1
6. ГП Уест-Франција
8. Ватенфал Класик
2014
9. Гент-Вевелгем

Распоред на резултатите на Гранд Тур

Повеќе информации Тур, Џиро ...
Легенда
1Победник
2–3Топ три
4–10Топ десет
11–Друго место
ДНЕНе учествувал
ДНФ-xНе завршил (се повлекол на етапа x)
ДСКДиквалификуван
Н/АТрката/пласманот не беше одржана
НРНерангиран во овој пласман
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads