Кедел Еванс
австралиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кедел Ли Еванс АМ (англиски: Cadel Lee Evans; р. 14 февруари 1977 ) — поранешен австралиски професионален велосипедист и победник на Тур де Франс 2011. На почетокот на неговата кариера, Еванс бил првак во планински велосипедизам, победувајќи го Светскиот куп во 1998 и 1999 и пласирајќи се седми на трката во крос-кантри во планински велосипедизам на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј. Кедел Еванс е четикратен олимписки учесник.[4]
Еванс се префрлил целосно на друмскиот велосипедизам во 2001 и постепени се пробивал нагоре. Тој завршил втор на Тур де Франс во 2007 и 2008. Станал првиот Австралиец, кој го освоил UCI ProTour (2007) и Светското друмско првенство UCI во 2009. Конечно го освоил Тур де Франс во 2011, возејќи за Интермарше-Сиркус-Ванти, откако на двапати бил проследен со лоша среќа.[5] Со 34 години, тој е меѓу петте најстари победници во историјата на трката. Заедно со Американецот Грег Лемонд, тој е еден од само двајцата неевропејци кои „официјално“ го освоиле Тур. На другите двајца неевропски победници, Американците Ленс Армстронг и Флојд Лендис, им биле поништени нивните победи поради допинг.
Еванс се повлекол на 1 февруари 2015 година, откако ја завршил трката именувана во негова чест.[6]
Remove ads
Ран живот
Кедел Еванс е роден на 14 февруари 1977 во Катерина, Северна Територија, Австралија, од Хелен Кокс, менаџер на банка и Пол Еванс, надзорник.[7] Тој го поминал неговото рано детство во малата абориџинска заедница Барунга, 80 километри источно од Катерина.[8] На возраст од седум години бил удрен во главата од коњ и поминал седум дена во кома. Во 1986, неговите родители се разделиле и тој најпрвин се преселил со неговата мајка во Армидејл, Нов Јужен Велс, а потоа во Елтам, Викторија, каде сè уште живее неговата мајка. Еванс го посетувал јавното училиште Њулинг во Армидејл и средното училиште Елтам во Мелбурн.[9] Скејтот бил еден од неговите интереси во тинејџерските години. Неговиот татко го опишал како добар ученик, но од друга страна како обично дете, кои ги оставало своите играчки наоколу; „Ни во [моите] најлуди сонови“ не можел да се замисли дека неговиот син ќе стане врвен светски атлет.[7]
Remove ads
Кариера
планински велосипедизам
Еванс ја започнал неговата меѓународна кариера во 1995 како носител на стипендија во програмата за планински велосипедизам на Австралискиот институт за спорт, со тренерот на велосипедската програма на АИС Дамјен Грунди, а од 1998 со тренерот за друмски велосипедизам Хајко Залцведел. Тестовите покажале дека Еванс поседува ретка комбинација - необичен волумен на белите дробови и капацитет да вдиши повеќе кислород со секој вдишување отколку 99,9 проценти од населението. Оваа способност му го донела прекарот „Дробови“.[10]
Освоил бронзени медали на Светското јуниорско првенство во планински велосипедизам и Светското јуниорско хронометарско првенство во 1995 и сребрени медали на Светските првенства под 23 години во 1997 и 1999. Ја освоил дисциплината крос-кантри на Светскиот куп во планински велосипедизам во 1998 и 1999. Во 1998, Шејн Банан му бил тренер за категориите под 23 години.
Во 1997 возел за екипата во планински велосипедизам Дајамондбек,[11] и потоа за Волво-Канондале.[12]
Префрлање на друмски велосипедизам
Во летото 2000 по консултација со Микеле Ферари под менаџмент на Тони Ромингер, Еванс целосно се префрлил на друмски велосипедизам.[13]
Тој возел за Саеко (2001), Мапеи (2002) и Тим Телеком (2003–2004). Во Мапеи бил трениран од Алдо Саси, кој му помогнал подобро да се адаптира од планински велосипедист на возеч на големите трки. По смртта на Саси во 2010 од рак, Еванс ја продолжил соработката со неговиот заменик Андреја Морели. По освојувањето на Тур во 2011, Еванс ја посветил победата на неговиот тренер.[14] Од сезоната 2005 му се придружил на Давитамон-Лото и дошол осми на неговиот прв Тур де Франс, првиот Австралиец во првите десет по Фил Андерсон.

Други почетни успеси му биле победите во крајниот пласман на Трката околу Австралија на изданијата во 2001 и 2004, 14. на Џиро д’Италија 2002 (ја носел водечката маичка, Maglia Rosa еден ден), хронометарски првак на Комонвелтските игри во 2002, етапна победа на Тур Даун Андер 2002, петти на Трката околу Германија 2005 и освојувањето на планинскиот пласман на Тур Даун Андер 2006.
2006
Еванс го освоил Тур де Романди, победувајќи ги Шпанците Алберто Контадор и Алехандро Валверде на последната етапа, 20-километарскиот хронометар околу Лозана. Тој завршил петти на Тур де Франс, но подоцна бил прогласен за четврти по дисквалификувањето на првичниот победник Флојд Лендис, поради позитивен тест за допинг.
Еванс исто така бил прогласен за австралиски велосипедист на годината.
2007
На Тур де Франс 2007, Еванс завршил зад победникот Контадор. Ја освоил етапата 13 на која имало хронометар и бил втор на хронометарот на етапата 19. Еванс завршил четврти на Вуелта а Еспања 2007. Стигнал петти на Светското првенство и шести во последната трка од UCI ProTour, Џиро ди Ломбардија, обезбедувајќи ја титулата во UCI ProTour 2007 со 247 бода пред Давиде Ребелин и Алберто Контадор.
Тој повторно бил прогласен за австралиски велосипедист на годината.
2008

Еванс бил фаворит за победа на Тур де Франс 2008, бидејќи Контадор не можел да учествува поради тоа што неговата екипа Астана не била поканета на трката. Еванс ја носел жолтата маичка на етапите 10-14. Меѓутоа, на Алп д’Ез на етапата 17, Карлос Састре од Team CSC бил 2 минути и 15 секунди пред Еванс. На хронометарот на претпоследната етапа, Еванс требало да вози 1 минута и 34 секунди побрзо отколку Састре. Тој го победил Састре и се искачил на второто место, но заостанал 58 секунди зад него на крајот на Тур.
Додека се опоравувал од пукнат преден лигамент,[15] Еванс се натпреварувал на машката друмска трка на Олимпијадата во Пекинг, завршувајќи 15., 22 секунди зад Самуел Санчес.[16] Се пласирал петти на друмскиот хронометар четири дена подоцна.
2009
Еванс ја освоил друмската трка на Светското првенство во Мендрисио, Швајцарија на 27 септември.[17] Победата дошла кратко по неговото трето место на Вуелта а Еспања, каде ја носел и златната маичка еден ден, иако неговата трка била нарушена од механички проблеми на планинската завршница на Сиера Невада. Комбинација од слабата поддршка од екипата и слабата форма ја нарушиле неговата кампања на Тур де Франс 2009 и тој бил во можност да заврши само на 30. место, 45 минути зад победникот Алберто Контадор. Исто така, забележал победи на Критериум ду Дофине Либере и Сетимана интернационале Копи е Бартали.
Сезоната го направила Еванс да биде еден од најуспешните велосипедисти од Австралија со две места на подиум на Тур де Франс. Тој бил во групата на елитни велосипедисти, кои ги носеле сите три водечки маички; розовата маичка на Џиро д’Италија во 2002, жолтата маичка четири дена на Тур де Франс 2008 и златната маичка на Вуелта а Еспања во 2009. Тој бил прогласен за австралиски велосипедист на годината по третпат.
Имало многу шпекулации на крајот на сезоната 2009, дека Еванс бара нова екипа, која подобро ќе го поддржува на Тур 2010. Откако Еванс станал светски првак, тој целосно се посветил на помагање на неговиот колега Филип Жилбер. На многумина, ова било доказ за посреќна врска помеѓу Еванс и Сајленс-Лото. Меѓутоа, потоа било објавено дека Еванс ја напушта екипата, додека екипата неговата причина за заминување ја гледало во „барање нови предизвици“.[18]
Биографијата, Кедел Еванс: Близу до летање, била објавена од Hardie Grant Books во ноември 2009.[19]
2010

Во 2010, Еванс заминал во екипата Верандас Вилемс.[20] Тој имал успех на Флеш Валон 2010 и ја носел розовата маичка по етапата 2 на Џиро д’Италија 2010. Еванс ја освоил седмата етапа на Џиро д’Италија со доминантен спринт пред мала група. Еванс завршил 5. во генералниот пласман, освојувајќи го Maglia Rosso Passione (бодовен пласман) и пласманот Аѕури д’Италија. Еванс исто така ја носел жолтата маичка на етапата девет на Тур де Франс 2010, додека возел со фрактура на неговото лево колено предизвикана од падот на претходната етапа. Загубил многу време во однос на водачите во текот на етапата девет, при што ја загубил жолтата маичка и борбата за победа на трката. Ја завршил трката на 26. место, 50 минути и 27 секунди зад Алберто Контадор.[21]
2011
Еванс имал многу успешен почеток на 2011, освојувајќи етапата 6 и генералниот пласман на Тирено-Адријатико и генералниот пласман на Тур де Романди, обете дел од Светската турнеја. Пропуштајќи го Џиро, Еванс се подготвувал за Тур де Франс 2011 на Критериум ду Дофине, каде завршил втор, една од главните трки за подготвување на Тур.
Еванс завршил втор на етапата 1 на Тур де Франс и ја освоил етапата 4, втората етапна победа на Тур де Франс во неговата кариера.[22] Потоа, Еванс водел во планинскиот пласман по етапата 4 еден ден. Како трката продолжувала Еванс сè повеќе ги бркал бегството со цел да го зачува неговото петто место во генералниот пласман и да ги одржи временските разлики, кои се верувало дека ќе ги надомести на поединечниот хронометар на етапата 20.[23] Во текот на етапата 19 на Тур, Еванс бил присилен да го брка бегството, каде биле присутни и кандидати за генералниот пласман и предводена од трикратниот првак Алберто Контадор. Меѓутоа, тој доживеал механички проблеми и бил присилен да го смени велосипедот. Тој повторно ја терал групата да ги достигне членовите на бегството, чувајќи се себеси во рамките на пристојно растојание за победа во генералниот пласман, на само една минута зад Енди Шлек.

На хронометарот, последната етапа пред Париз, Еванс го преземал водството во генералниот пласман за 1' 34" откако завршил втор на етапата, победувајќи го претходниот водач на трката Енди Шлек за 2' 31".[24] Со победата станал првиот Австралиец, кој го освоил Тур де Франс и најстариот, кој победил во генералниот пласман во повоената ера.[25] Победата на Еванс била прославена во неговата татковина со повици за национален празник, додека неговата победа била споредувана со онаа во Американскиот куп 1983, која била сметана за најголемо спортско достигнување на Австралија.[26] Австралискиот премиер Џулија Гилард лично му телефонирала на Еванс да му честита, велејќи „Јас сакав да му честитам на Кедел Еванс. Имав можност утринава лично да зборувам со него и да му честитам. Верувам дека го вознемирив додека тој се обидуваше да дојде до убаво, топло бањење.”[26]
Еванс самиот коментирал за неговата победа веднаш по трката, признавајќи дека бил несигурен, како неговата победа ќе се почувствува во Австралија, изјавувајќи дека „Немав време да мислам за тој аспект, да бидам искрен. Тоа е долг, долг процес и ќе одземе многу време да видиме што тоа значи. Секогаш неколку луѓе веруваа во мене и тие се луѓето кои најмногу ми значат. Ние успеавме. Беше вистинско задоволство во изминативе три недели”.[23] На парадата во татковината по неговото враќање во Австралија, стотици илјади луѓе биле присутни, облечени во жолто и веејќи жолти знамиња во Мелбурн. Бил одржан и државен прием во негова чест.[27]
2012
На почетокот на сезоната, Еванс го освоил генералниот пласман на трката Критериум Интернасионал, три етапна трка одржана во март. Тој бил победоносен на втората етапа, поединечен хронометар од 6,5 километри,[28] и го задржал водството на третата и последна етапа, здобивајќи се и со маичката во бодовен пласман.[29] Исто така, Еванс ја однел престижната победа на етапата 1 на Критериум ду Дофине откако нападнал на последниот спуст, фаќајќи ги и поминувајќи ги двајцата возачи, кои биле напред, Жером Копел (Сор-Сожасен) и Андреј Кашечкин (Астана).[30] Еванс завршил на третото место во генералниот пласман, но ја добил маичката за бодовниот пласман.[31]

Еванс го започнал Тур де Франс 2012 со високи надежи за повторување на резултатот од 2011. На етапата 7, Кедел покажал одлична форма завршувајќи втор на врвот Ла Плаш де Бел Фил, постигнувајќи го истото време како соперникот Бредли Вигинс од Тим Скај, кој на крајот на етапата ја преземал жолтата маичка.[32] Потоа, Еванс загубил значајно време на поединечниот хронометар на деветтата етапа, доаѓајќи на шестото место со задоцнување од една минута и четириесет и три секунди зад победникот Вигинс, кој преовладувал на трката.[33] Повторно задоцнил многу зад водечките на планинската етапа од Албервил до Ла Тусуар-Ле Сибел (Етапа 11), каде се направил смел напад со колегата Тиџеј ван Гардерен на 7 километри пред врвот на Кол де ла Кроа де Фер на скоро 60 километри пред крајот на етапата. Самиот напад не успеал и подоцна тој отпаднал од групата на искачувањето на Ла Тусуар, не можејќи да го следи темпото, поставено од помошникот на Вигинс Крис Фрум. Задоцнил минита и 26 секунди зад водачот на трката.[34] Етапата 14 била скоро запрена од страна на Тим Скај и Вигинс, кога се појавиле вести за фрлени клинци на патеката, предизвикувајќи промена на три тркала поради дупнати гуми.[35] Водечката екипа ѝ наредиле на главната група да одат споро и да ги чекаат возачите со дупнати гуми, вклучувајќи го и Еванс. Кога возачите на Аксент.џобс-Вилемс Веранда го довеле Кедел назад до главната група, тие му отпоздравиле на автомобилот на Тим Скај во знак на благодарност за нивниот гест.[36] Еванс отпаднал од натпреварувањето за висок пласман на етапата 16, кога загубил контакт со водечките на претпоследното искачување, но подоцна на спустот бил доведен до групата од неговите колеги, за потоа повторно да отпадне на Кол де Пејрасурд. Паднал на седмото место во генералниот пласман, едно место зад колегата Тиџеј ван Гардерен. Еванс загубил дополнително време на последниот хроноетар од Боневал до Шартр, каде бил престигнат од Ван Гардерен, и покрај разликите во тргнување од 3 минути помеѓу секој возач. Тој навел болест како објаснување за неговиот резултат. Завршил на трката на седмото место, 15 минути и 49 секунди зад победникот Бредли Вигинс и изјавил дека ќе се врати како водач на БМЦ во 2013 година.[37][38]
Еванс бил избран во австралискиот состав за олимписката друмска трка и хронометарот. Меѓутоа, откако не направил никаков позначаен резултат на друмската трка, Еванс решил да се повлече од хронометарот, наведувајќи замор.[39] Неколку недели подоцна го откажал својот настап на трките од Светската турнеја во Квебек и Монтреал, изјавувајќи дека ќе стави крај на неговата сезона, поради премореност и не сакајќи да ја наруши сезоната во 2013.[40]
2013
Сезоната 2013 на Еванс започнала добро откако завршил трет на Трката околу Оман во присуство на многу возачи.[41] Негова стратегија во годината била да вози на Џиро д’Италија и Тур де Франс. Во април завршил осми на Џиро дел Трентино, кратка етапна трка пред Џиро.[42] Џиро д’Италија се одликувала со ладно и влажно време, што довело списанието Bicycling да ја нарече „една од најтешките големи трки во поновата историја“.[43] И покрај тешкотиите, Еванс бил на второто место долго време зад предводникот Винченцо Нибали. Го загубил второто место на последната планинска етапа, која била попречена од снег.[44] Сепак успеал да заврши на последното место на подиумот во генералниот пласман.[45] Еванс бил одреден за водач на неговата екипа на Тур де Франс, но имал големи тешкотии откако постојано отпаѓал од водечката група на планинските етапи.[46] Неговиот колега Тиџеј ван Гардерен го жртвувал своето место за да му помогне на неколку етапи, но не успеал во тоа. Тур завршил со големо разочарување за Тим БМЦ, откако Еванс завршил на 39. место, а Ван Гардерен на 45. место, додека Крис Фрум дошол по крајна победа.[47]
2014
Еванс објавил дека ќе се повлече од велосипедизмот во февруари 2015 година.[48]
2015

Еванс учествувал на воведната трка именувана во негова чест во февруари 2015 година, завршувајќи петти. Еванс го објавил повлекувањето по трката.
Денес, Еванс е глобален амбасадор на БМЦ Рејсинг Тим.
Remove ads
Личен живот
Тој е оженет со Кјара Пасерини, италијанска пијанистка и учителка по музичко образование, со која се сретнал на крајот на 2002.[49] Еванс ја запросил во 2005, по неговиот прв настап на Тур де Франс.[9] Во јануари 2012, двојката го посвоила нивниот син Робел, кој бил напуштен на улиците на Шашамане, Етиопија, на возраст од шест месеци.[50]
Прадедото на Кедел е од Велс,[51] и така тој бил именуван „Кедел“ во чест на тројцата велшки кралеви.[52]
Прв братучед на Еванс е австралискиот параолимпиец Метју Ханапел, кој настапил во Параолимписките игри во Лондон.[53][54]
Еванс изјавил дека неговите години од детството поминати во Армидејл, Нов Јужен Велс, биле инспирација за неговата велосипедска кариера.
Негов моментален австралиски дом е крајбрежниот град Барвон Хедс, Викторија, околу 100 километри југозападно од Мелбурн. Кога е во Европа престојува во Стабио, Швајцарија.[9]
Еван станал член на генералната дивизија на Редот на Австралија на 10 јуни 2013.[55]
Филантропија
Освојувајќи ја наградата за спортист на годината за 2007 од The Sydney Morning Herald, Еванс ветил дека ќе ја донира неговата награда од 50.000 $ во добротворни цели, вклучувајќи ја Фондацијата Ејми Џилет, основана во спомен на поранешната австралиска велосипедистка и веслачка. Џилет била убиена за време на етапна трка во Германија во 2005, кога таа и нејзините австралиски колешки биле удрени од автомобил. Други корисници биле Фонтаната на младоста на Ијан Торп, основана од олимпискиот пливач за олеснување и лечење на заболени лица помлади од 20 години. При изјавата, Еванс открил дека Торп ја посетил абориџинската заедница Барунга во Северната територија, каде Еванс живеел до тригодишна возраст.[56]
Во 2008, Еванс носел маичка со знамето на Тибет и ја поддржувал независноста на Тибет.[57][58] Тој изјавил:
- „Обидувајќи се да разбудат свесноста за движењето на Тибер е нешто што некој на мое место може да го направи. Едноставно почувствував жал за нив. Не напаѓаат никого, но некој им ја оттргнува нивната култура од нив. Не сакам да видам повторување на состојбата со абориџинската култура (во Австралија) повторно да се случи со друга култура“.[58]
Како поддршка на иницијативите на Orygen Youth Health, Еванс учествува на годишната трка Suit Up & Ride во Мелбурн од 2010.[59]
Remove ads
Достигнувања
- 1993
- 1.
Национално планинско првенство под 17 години
- 1994
- 1.
Национално планински првенство под 19 години
- 2.
Светско планинско првенство под 19 години
- 1995
- 3.
Светско планинско првенство под 19 години
- 3.
Светско јуниорско хронометарско првенство
- 1996
- 1.
Национално планинско првенство
- 3.
Светско планинско првенство под 23 години
- 9. Планинска трка Атланта Олимпикс
- 1997
- 1.
Национално планинско првенство
- 2.
Светско планинско првенство под 23 години
- 1998
- 1. Краен пласман Светски куп во планински велосипедизам
- 1999
- 1.
Краен пласман Трка околу Тасманија
- 1. Етапа 3
- 1.
Пласман за млад возач Тур Даун Андер
- 1. Краен пласман Светски куп во планински велосипедизам
- 2.
Светско планинско првенство под 23 години
- 2000
- 7. Крос-кантри планиски велосипедизам на Олимпијадата во Сиднеј
- 2001
- 1.
Краен пласман Трка околу Австрија
- 2.
Светско планинско првенство
- 2002
- 1.
Комонвелтски игри - поединечен хронометар
- 1. Етапа 5 Тур Даун Андер
- 1. Етапа 1 Сетимана Сиклистика Интернационале
- 1. Етапа 4 Класик UNIQA
- 2.
Комонвелтски игри - друмска трка
- 3. Краен пласман Тур де Романди
- 14. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2003
- 1.
Планински пласман Тур Даун Андер
- 2004
- 1.
Краен пласман Трка околу Австрија
- 1. Етапа 2
- 2005
- 1. Етапа 7 Трка околу Германија
- 8. Краен пласман Тур де Франс
- 4. Етапа 16
- 2006
- 1.
Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 5
- 1.
Планински пласман Тур Даун Андер
- 4. Краен пласман Тур де Франс
- 7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2007
- Првак UCI ProTour
- 1. Етапа 2 (ITT) Пекинг 2008
- 1. Етапа 1 Дел B (ТТТ) Сетимана Сиклистика Интернационален Копи-Бартали
- 2. Краен пласман Тур де Франс
- 1. Етапа 13
- 2. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
- 4. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 4. Краен пласман Тур де Романди
- 6. Џиро ди Ломбардија
- 2008
- 1.
Краен пласман Сетимана интернационален ди Копи е Бартали
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 4 Париз-Ница
- 2. Краен пласман Тур де Франс
- 2. Флеш Валон
- 2. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
- 3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 1. Етапа 2
- 7. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 2009
- 1.
Светски друмски првак
- 2. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 1. Етапа 5
- 2. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
- 3. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 4. Краен пласман Трка околу Баскија
- 5. Флеш Валон
- 2010
- 1. Флеш Валон
- 3. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 5. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 7
- 1.
Бодовен пласман
- 1.
Пласман Аѕури д’Италија
- 4. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 6. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2011
- 1.
Краен пласман Тур де Франс
- 1. Етапа 4
- 1.
Краен пласман Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 6
- 1.
Краен пласман Тур де Романди
- 2. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 7. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
- 8. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2012
- 1.
Краен пласман Критериум Интернационал
- 3. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 7. Краен пласман Тур де Франс
- 2013
- 1. Етапа 4 Трка околу Алберта
- 3. Краен пласман Џиро д’Италија
- 3. Краен пласман Трка околу Оман
- 8. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 2014
- 1.
Краен пласман Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 3
- 2. Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 3
- 2. Национално друмско првенство
- 5. Краен пласман Тур ду От Вар
- 6. Краен пласман Трка околу Јута
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 7
- 7. Краен пласман Трка околу Баскија
- 7. Страде Бјанке
- 8. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2015
- 3. Краен пласман Тур Даун Андер
- 5. Друмска трка „Кедел Еванс“
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads