Том-Јелте Слагтер

холандски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Том-Јелте Слагтер
Remove ads

Том-Јелте Слагтер (холандски: Tom-Jelte Slagter; р. 1 јули 1989 ) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Б&Б Хотелс п/б КТМ.[1]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads
Remove ads

Кариера

Рабобанк (2011–2013)

Додека возел за Бланко Про Сајклинг во 2013,[2] Слагтер ја освоил најголемата победа во неговата кариера како победник на првата трка од Светската турнеја во сезоната, Тур Даун Андер. Ја освоил третата етапа на трката по нападот на последното искачување, стигнувајќи сам на врвот. На спустот му се приклучиле тројца возачи и со групата зад петици, Слагтер победил во групата.[3] Ја добил водечката маичка на петтата етапа откако завршил втор на Олд Вилунга Хил и постигнал исто време како Сајмон Геранс (Орика-ГринЕЏ), минатогодишниот победник.[4] Слагтер успешно го одбранил водството на последната етапа во Аделаида, каде Хавиер Морено (Мовистар Тим) го освоил второто место, 13 секунди зад него.[5]

Слагтер се приклучил на екипата Гармин-Шарп за сезоната 2014, потпишувајќи двегодишен договор.[6][7][8]

Гармин-Шарп (2014–2017)

2014

На Париз-Ница, Слагтер ги освоил етапите 4 и 7. Потоа, завршил втор на шпанската еднодневна трка ГП Мигел Индураин. Негова последна трка пред сезоната на класици била Трката околу Баскија, каде завршил на 13. место. На Лиеж-Бастоњ-Лиеж завршил шести, негов најдобар резултат некогаш на монумент. Исто така, завршил петти на Флеш Валон. Слагтер возел на Тур де Франс и завршил деветти на етапата 16 до Бањер де Лишон. По Тур, возел на Класика де Сан Себастијан и завршил надвор од првите десет, на 14. место. Возел на канадските класици, ГП Квебек и ГП Монтреал, каде завршил на 11. и на 12. место, соодветно.

2015

Најдобар резултат на Слагтер во првиот дел од сезоната 2015 било деветтото место на Флеш Валон. Возел на Трката околу Алберта, каде освоил две етапи. Потоа возел на канадските класици и завршил четврти во Квебек и десетти на Монтреал.

Тим Дименжн Дата (2018-2019)

На Тур Даун Андер, Слагтер завршил трет во генералниот пласман, на неговата прва трка за Тим Дименжн Дата. Негов најдобар резултат во текот на класиците било 12. место на Флеш Валон.

Remove ads

Достигнувања

2010
1. Национален друмски првак под 23 години
1. Етапа 2 Сиркут де Ардени
4. Краен пласман Тур де л’Авенир
7. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
8. Вламсе Пејл
2011
75. Краен пласман Вуелта а Еспања
2012
5. Гран при Квебек
6. Краен пласман Трка околу Оман
30. Краен пласман Џиро д’Италија
2013
1. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 3
1. Пласман за млад возач
1. Планински пласман Трка околу Алберта
7. Гран при Квебек
9. Краен пласман Тур де л’Ен
2014
Тур де Франс
Награда за борбеност на етапа 19
Париз-Ница
1. Етапа 4
1. Етапа 7
2. ГП Мигел Индураин
5. Флеш Валон
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
2015
3. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Етапа 3
1. Етапа 4
4. ГП Квебек
9. Флеш Валон
10. ГП Монтреал
2016
4. Тре Вали Варезине
8. Класика де Сан Себастијан
9. Брабантсе Пејл
2017
1. Етапа 2 Трка околу Австрија
3. ГП Монтреал
4. Краен пласман Трка околу Алберта
6. ГП Квебек
2018
3. Краен пласман Тур Даун Андер
2019
6. ГП Квебек
7. Краен пласман Тур де Јоркшир
8. Краен пласман Трка околу Германија

Распоред на резултатите на етапните трки

Повеќе информации Распоред на резултатите на големите трки, Голема трка ...

Распоред на резултатите на класиците

Повеќе информации Монумент, Класици ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads