Требино (Кајларско)

напуштено село во Кајларско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Требино (Кајларско)
Remove ads

Требино или Тремњо[2] (грчки: Καρδία, Кардија; до 1927 г. Τρέμπενο, Требено[3]) — иселено село во Кајларско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Еордеја на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во 1976 г. било населено исклучиво со Македонци.[4] Иако повеќе не е село, местото не е отпишано и денес се води со неколкумина жители.

Кратки факти Кардија Καρδία, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото било сместено во јужниот дел на областа Сариѓол (Кајларската Котлина), 18 км источно од градот Кајлари.[4]

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот на XIX век Требино е заведено било македонско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тремнино (Tremnino) било село во Џумалиската каза со 100 домаќинства и 260 жители Македонци.[5][6] Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов го посетил Кајларско и забележал дела Тремнино било сосема македонско село.[5][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тремнико имало 220 жители, сите Македонци.[5][8]

На почетокот на XX век целото население на Требино потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Требино имало 280 Македонци, сите под патријаршијата.[5][9] Нешто подоцна Боривое Милоевиќ забележал дека Требино се состоело од 42 македонски куќи.[4]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 290 жители.[4] Во 1920 г. 321 жител, кои во 1928 г. се накачиле на 421, а во 1940 г. — на 615 жители.[4] Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека Требино се состои

само од 80 туѓојазични семејства... сите зборуваат словенски [т.е. македонски].[10]

Есента 1959 г. жителите на Требино биле принудени на масовна церемонија да дадат заклетва дека повеќе нема да говорат македонски.[11]

Иако некогаш било просперитетно и богато, во 1970-тите години властите во селото откриле големи лежишта на јаглен. Рударското претпријатие го откупило земјиштето заедно со градбите[4] и тука направило јагленокоп, а на селаните државата им изградила станови во Кајлари; помал дел од нив избрале да се преселат во околината на с. Исламли (Кила) кај Кожани, за што е основано населбата Ново Требино (Неја Кардија) која му принадлежи. Во времето на неговото иселување, на крајот од 1976 г., Требино броело преку 1.000 жители, а во 1981 г. е заведено со 3 жители, иако се сметало за раселено.[4] На пописите во 1991 и 2001 г. селото се води без жители, додека пак во 2011 г. во него се попишани 5 лица.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Требино било богато село кое произведувало големи количества жито, тутун и анасон познат по својот квалитет.[4]

Личности

  • Елефтерија Вамваковска (р. 1945) — историчарка

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads