Требино
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Требино — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Оваа статија се однесува на село во Поречко. За селото во Егејска Македонија, погл. Требино (Кајларско).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Порече, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Македонски Брод, на источните падини на планината Песјак.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено само 2 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 8,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 714 хектари, на пасиштата отпаѓаат 76 хектари, а на обработливото земјиште само 62 хектари.[2]
Remove ads
Историја
Во XIX век, Требино било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Селото нема развиена земјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Требино имало 65 жители, сите Македонци муслимани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Требино имало 16 жители, христијани.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]
Требино е мало село, населено со македонско население, коешто во 1961 година броело 211 жители, а во 1994 година 204 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Сланско имало 198 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 133 жители, од кои 130 Македонци, 1 Албанец и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Требино е македонско село.
Според истражувањата од 1926 година, родови се:
муслимански:
- Доселеници: Мехмедовиќ (4 к.) и Исеиновиќ (6 к.) доселени се од дебарското село Коџаџик.
Православни:
- Доселеници: Андоменовиќ (1 к.) и Билбирадовиќ (1 к.) доселени се од Лупште. Подалечно потекло од прилепско; Мојсовиќ (1 к.) доселени се од Локвица.[12]
Муслиманите биле постари во селото.
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Св. Климент Охридски“ до V одделение[13], подрачно училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод.
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Требино се наоѓале селата Брод, Девич, Дреново, Грешница, Латово, Сланско и Суводол.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0233 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 142 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 140 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[17]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Иселеништво
Пред да биде муслиманско село, Требино било православно. Стари православни иселеници од селото имало во Латово, Миокази, Речани, Букурешт, муслиманите се иселувале во Кичево и Турција.[12] Неделковци (1 к., слават Св. Ѓорѓија), потеклото им е од Охридско (Лактиње, Дебрца), родот го основал Неделко кој во старината направил беља (затоашто му работел бесплатно на бегот), па пребегнал најпрво во Кладник, а потоа во Требино, но тој не се задржал долго туку се префрлил во Речани (Челопечко) околу средината на XIX век. Билбиловци (1 к., слават Св. Ѓорѓија), се доселиле од Требино во Речани.[18]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads