Тројани
поранешно село во Охридско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тројани — историско село на територијата на Општина Охрид (и делумно Општина Дебрца), југозападна Македонија.
Remove ads
Remove ads
Географија
Селото било сместено во планинска местост на Вишовскиот Рид (Вишо), источно од с. Оровник, која и денес се нарекува Тројани. По раселувањето на селото, земјиштето му е поделено меѓу атарите на Оровник, Горно Лакочереј и Вапила. Како оставнина од селото, во атарот на Оровник денес се наоѓаат местата Тројнска Чука и Тројанско Поле и Тројанска Река, која се влева во р. Капеш. Во атарот на Горно Лакочереј има месност Тројански Извори.[2]
Remove ads
Историја
Селото е посведочено во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридската нахија од 1536 до 1539 г. е забележано селото Тројани, со 7 христијански семејства и 1 неженет човек. Во дефтерот за периодот 1582-1583 г. во селото се водат 5 христијански семејства. Тројани е споменато и во Слепченскиот поменик од XVI и XVII век.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тројан чифлик имал 20 жители, сите Македонци.[3][4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тројан е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 2 куќи.[5]
Авионска несреќа
На 22 ноември 1993 г. на Тројани се срушил авион од типот Јак-42Д на „Авиоимпекс“, кој се враќал за Скопје од Женева, но бил пренасочен кон Охрид поради лошите временски услови на скопскиот аеродром. Сите осум членови на екипажот и 115 од 116-те патници загинале. Единствениот преживеан патник им подлегнал на повредите неколку дена подоцна во охридската болница.
Remove ads
Поврзано
- Голема Краста
- Гореничка Чука
- Дебела Леска
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads