Уклемеш

село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Уклемеш
Remove ads

Уклемеш или Келемез (грчки: Φαράγγι, Фаранги; до 1927 г. Οκλεμέζ, Оклемез[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 137 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Кратки факти Уклемеш Φαράγγι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во котлината Сарѓил, на југоисточниот брег на Островското Езеро. Лежи спроти селото Пателе.

Историја

Во Отоманското Царство

Во г. хрватскиот етнограф 1889 година Стефан Верковиќ напишал за Уклемеш:

Село Каламеш со 25 муслимански куќи. Данокот на ова село е 3.100 пијастри. Жителите се занимаваат со земјоделство и дрварство; носат дрва во соседните села и гратчиња кои ги продаваат како огрев. Селото е сместено во подножјето на голи ридови близу Островското Езеро.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Јуклемес имал 150 жители Турци.[5]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 248 жители, кои во 1920 г. биле 250.[3] Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите како муслимани се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле христијани од таа земја. Во 1927 г. селото е применувано во Фаранги.[6] Во 1928 г. Уклемеш е заведено како наполно дојденско село со 109 дојденски жители од 26 семејства.[7]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Главни производи на селото се житото и грозјето, а застапени се и овоштарството и сточарството[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads