Флеш Валон 2015
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Флеш Валон 2015 („Валонска стрела“) — 79. издание на велосипедскиот еднодневен класик Флеш Валон. Се одржал на 22 април и била дванаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2] Флеш Валон е втор од трите арденски класици; се одржува три дена по Амстел Голд Рејс (освоена во 2015 г. од Михал Квјатковски) и четири дена пред Лиеж-Бастон-Лиеж. Бранителот на титулата на трката бил Алехандро Валверде (Мовистар Тим).[3]
Трката се одржала на растојание од 205,5 километри, започнувајќи во Варем и завршувајќи во Хуј. Клучниот дел на Флеш Валон е искачувањето на Мур де Хуј, кој се поминал трипати во текот на трката; целта е на врвот на последното искачување на Мур. Флеш Валон има дополнителна важност во 2015 година бидејќи втората етапа на Тур де Франс 2015 исто така вклучува завршница на Мур, па така неколку возачи ја возеле трката како подготовка.
И покрај додавањето на дополнително искачување кон крајот на трката, се создала група уште на подножјето на Мур. Валверде ја освоил третата победа на трката на искачувањето, додека Жилијан Алафилип (Етикс-Квик Степ) завршил втор, а Михаел Албасини (Орика-ГринЕЏ) го заокружил подиумот; Валверде победил и на Лиеж-Бастон-Лиеж. Флеш Валон била одбележана со многу падови, кои предизвикале повлекувања на неколку од фаворитите за победа на трката, вклучувајќи Филип Жилбер, Даниел Мартин и Крис Фрум.
Remove ads
Екипи
Бидејќи Флеш Валон е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Организаторите на трката на осум професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани и така била заокружена групата од 25 екипи.[4]
Екипи во Светската турнеја биле:
Екипи кои добиле специјални покани биле:
- Кофидис
- МТН Кубека
- Тим Јуропкар
- Ромпот
- Топспорт Вландерен-Балоас
- Ванти-Груп Гобер
- Бретањ-Сеше анвиронман
- ЈунајтедХелткер
Remove ads
Резултати

Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads