Даниел Морено

шпански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Даниел Морено
Remove ads

Даниел Морено Фернандес (шпански: Daniel Moreno Fernández; р. 5 септември 1981 во Мадрид) — шпански професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1] Тој е специјализиран за искачување и трките на кои има високи планини, како што се големите трки Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Животопис

Морено ја започнал неговата професионална кариера во септември 2004 со екипата Релакс-Гам Фуенлабрада. На неговата прва трка, Трката околу Британија, тој веќе постигнал одличен резултат со освојувањето на 5. место во генералниот пласман. Во 2005, тој продолжил со одличните резултати, па така бил втор на Класика де Ордизија и Вуелта а Андалусија.

На крајот, во 2006 ја постигнал и неговата прва победа на етапа на Класика де Алкобендас и уште една на Волта ао Алентежо. Тој ги заокружил неговите триумфи со три подиума на Алентежо, Алкобендас и Вуелта а Бургос.

Исто така, и 2007 се покажала како успешна за него. Тој победил на етапа на аргентинската трка Тур де Сан Луис и мексиканската Вуелта Чихуахуа, го освоил конечниот пласман на Ескалада а Монхуик[2]. Покрај овие резултати, тој се покажал како силен возач со второто место на етапа на Вуелта а Еспања и така стигнал до 12. место во генералниот пласман. Во септември објавил дека ќе премине во француската екипа Агритубел за наредната сезона[3] но потоа Морено ја повлекол оваа изјава.

Меѓутоа, со пропаѓањето на Релакс-Гам Фуенлабрада на крајот на 2007, возачот го изгубил постојаниот договор заедно со можноста да настапува на професионалните трки. Морено успеал да се врати на трките дури во март 2008, откако потпишал договор со шпанската екипа Кејс д’Епарњ.

Потоа поминал две сезони (2008-2009) работејќи како помагач на Алехандро Валверде[4] и потоа преминал во Омега Парма Лото на една година[5].

Во 2011, се приклучил на руската екипа Катјуша-Алпесин[6] и станал помагач на неговиот водач, Хоаким Родригес. Придружувајќи го познатиот „Пурито“ на планинските трки, Морено успеал да се докаже себеси на неколку значајни натпреварувања, вклучувајќи ги Џиро дел Пиемонт и Вуелта а Бургос. На 23 август успеал да дојде до првата етапна победа на Вуелта а Еспања, придружувајќи му се на претходниот бегалец Крис Анкер Серенсен во последните километри. Серенсен бил дел од рано бегство и останал до крај, но Морено го достигнал во последните 400 метри, додека групата била зад него.[7] Следниот ден успешно му помогнал на Родригес на Валдепенас де Хаен. Големата координираност помеѓу двајцата Шпанци го донела Морено на третото место, додека Родригес на врвот на подиумот. Во текот на трите недели на шпанската трка, Морено возел во полна брзина и така успеал да дојде во 9. место во генералниот пласман. Во октомври, Морено победил на италијанскиот класик Џиро дел Пиемонт.[8]

Во 2012, Морено продолжил да оди напред. Остварил победа на ГП Мигел Индураин[9], го однел првото место на етапата 4 на Вуелта а Андалусија и етапите 2 и 7 на Критериум ду Дофине. Морено, исто така му помогал на Хоаким Родригес на Џиро д’Италија; што му помогнало на Пурито да дојде до второто место во генералниот пласман. Помеѓу неговите приоритети за понатамошната сезона се Вуелта а Еспања и другите домашни трки[10].

Ја освоил шпанската трка Вуелта а Бургос, преживувајќи го падот на последната етапа на искачувањето Лагунас де Неила од двајцата сериозни кандидати за генерален пласман, Колумбијците Естебан Чавес од Колумбија-Колдепортес и Серхио Енао од Тим Скај. На крај, Морено ги ограничил неговите загуби на 22 секунди на таа етапа, задржувајќи ја водечката маичка со 10 секунди предност пред Енао. Исто така освоил 2 етапи и бодовниот пласман на трката.[11]

Исто така, имал солиден пласман со петтото место на Вуелта а Еспања 2012, каде му помагал на неговиот водач Хоаким Родригес на планинските етапи. Родригес го зазел третото место на подиумот.[12]

Во 2013, Морено ја освоил трката од Светската турнеја, Флеш Валон, откако го следел нападот започнат од Филип Жилбер (Аксент Џобс-Ванти) на последното искачување, Мур де Хуј. Го поминал Жилбер и Карлос Бетанкур (Аг2р-Ла Мондијал) за победа на трката.[13] Подоцна продолжил со добрата форма на Критериум ду Дофине, каде завршил како трет во генералниот пласман. На Вуелта а Еспања ги освоил четвртата етапа и деветтата етапа и завршил десетти во генералниот пласман.

Во октомври 2015 година, Мовистар Тим објавиле дека Морено потпишал со нив двегодишен договор од 2016 година.[14]

Remove ads

Достигнувања

2003
10. ГП Сиудад де Виго
2004
6. Краен пласман Трка околу Британија
2005
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2. Класика де Ордизија
6. Класика Сиклиста а лос Пуертос
2006
2. Краен пласман, Волта ао Алентежо
1. Етапа 3
3. Краен пласман, Класика а Алкобендас
1. Етапа 1
3. Краен пласман Вуелта а Бургос
4. Класика де Ордизија
4. Субида ал Наранко
7. Краен пласман Вуелта а Астурија
2007
1. Ескалада а Монтхуик
1. Етапа 5 Тур де Сан Луис
1. Етапа 4 Ла Вуелта а Чихуахуа
2. Краен пласман Класика а Алкобендас и Коладо Вилјалба
3. Класика Сиклиста а лос Пуертос
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
7. ГП Лодио
7. Краен пласман, Вуелта пор ун Чиле Водач
2008
1. Етапа 1 Еускал Бициклета
6. Краен пласман Вуелта а ла Риоха
9. Краен пласман Вуелта а Бургос
12. Краен пласман Вуелта а Еспања
2009
1. Етапа 4 Ла Вуелта а Чихуахуа
2. Јапонски куп
2. Џиро дел Пиемонт
2. Краен пласман Трка околу Полска
6. Класика де Ордизија
7. Субида ал Наранко
10. ГП Мигел Индуран
11. Краен пласман Вуелта а Еспања
2010
8. Класика де Алмерија
10. Брабант Пајл
2011
1. Џиро дел Пиемонт
1. Етапа 4 Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 4
2. Класика де Ордизија
8. Флеш Валон
9. Трофео Деја
2012
1. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Бодовен пласман
1. ГП Мигел Индураин
Критериум ду Дофине
1. Етапа 2
1. Етапа 7
1. Етапа 4 Вуелта а Андалусија
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
2013
1. Флеш Валон
3. Краен пласман Критериум ду Дофине
3. Милано-Торино
4. Гран Премио Индустрија е Комерчо ди Прато
6. Џиро ди Ломбардија
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 4
1. Етапа 9
2014
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
3. Милано-Торино
8. Краен пласман Тирено-Адријатико
9. Амстел Голд Рејс
9. Флеш Валон
9. Лиеж-Бастон-Лиеж
10. Краен пласман Трка околу Оман
2015
1. Етапа 5 Вуелта а Бургос
2. Џиро ди Ломбардија
4. Класика де Сан Себастијан
5. Флеш Валон
6. Краен пласман Тур де Сан Луис
9. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Милано-Торино
10. Лиеж-Бастон-Лиеж
2016
3. Европско друмско првенство
3. Краен пласман Вуелта а Астурија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 3
4. Милано-Торино
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
2017
4. Национално друмско првенство
7. Краен пласман Вуелта а Бургос
Награда за борбеност на етапа 17 на Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads