Хабсбуршка Монархија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хабсбуршка Монархија или Хабсбуршко Царство (германски: Habsburgermonarchie) — неофицијално име на државите и провинциите кои биле управувани од страна на австриската Хабсбуршка династија до 1780 година, а подоцна и од страна на нејзината наследничка Хабсбург-Лотаринги до 1918 година. Монархијата претставувала сложена држава составена од териториите во и надвор од Светото Римско Царство и обединета единствено пред монархот. Династичкиот главен град бил Виена, освен во периодот од 1583 до 1611 година[3], кога бил префрлен во Прага. Од 1804 до 1867 година, Хабсбуршката Монархија била официјално обединета како Австриско Царство додека во периодот од 1867 до 1918 година опстојувала како Австроунгарија[4][5].
Главата на австриската гранка на Хабсбуршката династија често бил избран како цар на Светото Римско Царство до распаѓањето на царството во 1806 година. Од 1415 година до распаѓањето на Светото Римско Царство единствено Карло VII од Баварија не бил член на Хабсбуршката династија како владетел на Австрија[6][7]. Самата монархија опфаќала и делови надвор од Светото Римско Царство, и поголемиот дел од монархијата била управувана од страна на други династии. Хабсбуршката Монархија обично не ги вклучувала сите територии под власта на Хабсбуршката династија. Од друга страна и Хабсбуршката династија често била поделувана на подгранки. Најголем пример било поделбата на териториите на управување во времето на Карло V, кога била основана т.н. Хабсбуршка Шпанија.
Remove ads
Потекло
Хабсбуршката династија потекнува денешна Швајцарија и била наречена според истоимениот замок. По 1279 година фамилијата започнала да владее со Австрија. Својата сила династијата ја зголемила преку склучување на династички бракови и водење на успешни војни од страна на царот Максимилијан I по Првиот Виенски конгрес во 1515 година. По смртта на Лајош II во Мохачката битка[3], Хабсбурговците ја зеле круната на Унгарија и Бохемија во 1526 година, а како прв крал бил избран Надвојводата Фердинанд, кој бил помал брат на Карло V[8].
Remove ads
Терминологија
Следува список на територии кои подоцна биле приклучени кон Австроунгарија и кои биле поистоветувани со Хабсбуршката Монархија:
- Хабсбуршка Монархија или Австриска Монархија (1526-1867). Овој термин бил неофицијален но многу често се употребувал.
- Австриско Царство (1804-1867). Овој термин бил официјално име на царството.
- Австроунгарија (1867-1918). Овој термин бил официјално име на царството, додека неофицијално се користел терминот Дунавска Монархија или Двојна Монархија, кое значело две држави на чие чело се наоѓа еден цар.
- Царски Земји (1849-1918). Овој термин често се однесувал на сите поединечни делови на Австриското Царство (1849-1867), а потоа и на Австроунгарија од 1867 година. Териториите на Кралство Унгарија не се сметале за царски земји по создавањето на Австроунгарија.
Унгарските делови од царството биле нарекувани „Територии на светата унгарска круна на Свети Стефан“. Чешките делови од царството биле нарекувани „Територии на светата бохемиска круна на Свети Вацлав“.
Remove ads
Територии
- Австрија
- Војводство и Надвојводство Австрија
- Војводство Штаерска
- Војводство Корушка
- Војводство Крањска
- Трст
- Истра (иако голем дел од Истра беше венециска територија до 1797 година)
- Горица и Градишка
- Грофовија Тирол
- Изборно Кнежевство Салцбург
- Предарлска
- Бохемија
- Моравија
- Австриска Шлеска
- Унгарија
- Словачка
- Романија
- Србија
- Хрватска
- Словенија [9]
Други територии:
- Големо Војводство Тоскана
- Војводство Парма
- Војводство Модена
- Австриска Холандија
- Миланско Војводство
- Венето
- Сардинско кралство
- Кралство Сицилија
- Олтенија
- Галиција и Лодомерија
- Полска
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads