Хазнатар
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хазнатар (грчки: Χρυσοχώραφα, Хрисохорафа; до 1926 г. Χαζνατάρ, Хазнатар[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и нешто Роми.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Серкото Поле северозападно од град Сер и западно од Долна Џумаја. Лежи близу источниот брег на Бутковското Езеро.
Историја
Во Отоманскосто Царство
Во XIX век Хазнатар бил мал чифлик во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хазнатар (Haznatar) било село со 15 домаќинства сочинети од 46 Македонци.[4][5] Во селото работела грчката пропаганда.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Хазнатар-маала, чифлик на една серска беговска куќа; на И од Борсук 1⁄2 час. Црква „Св. Богородица“; се служи на грчки. 50 македонски куќи[6] и 10 ромски. Училиште грчко со 30 ученици.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 560 жители, од кои 500 Македонци христијани и 60 Роми.[4][8]
По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Хазнатар се состоело од 280 жители Македонци, сите под Егзархијата.[4] Во селото работело бугарско основно училиште.[10]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 306 жители.[3] По Првата светска војна голем дел од населението се иселил во Пиринска Македонија — претежно во Петрич и околината. Хазнатар отсуствува од пописот во 1920 г. веројатно бидејќи тогаш бил напуштен[3] Во 1920-тите во селото се доселени Гагаузи од Источна Тракија.[11] На пописот од 1928 г. Хазнатар се води со 606 жители,[3] од кои 571 лице (145 семејства) биле доселеници, а остатокот мештани.[12]
Во 1926 г. селото е преименувано во Хрисохорафа.[13] Во 1935 г. по извршените мелиорации во Хазнатар биле сместени уште колонистички семејства,[3] како и жителите на македонското село Али Паша
Во 1950-тите еден дел од жителите се иселиле во САД. Поголемиот дел од нив се сместиле во предградие на Бостон и одржувале врски со Хазнатар.[14]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads