Христо Куслев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Христо Куслев
Remove ads

Христо Куслев (18 март 1877 , Кукуш, денес во егејскиот дел на Македонија - 19 септември 1943 , Подгорица, Црна Гора, Подгорица) — македонски деец, струмички војвода, учесник во македонското револуционерно движење, еден од раководителите на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Христо Куслев е роден на 18 март 1877 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Потекнувал од трговско семејство. Студирал до трети клас во Кукуш, а во 1896 - 1897 студира до VI одделение во машката егзархиска гимназија Св. Кирил и Методиј во Солун. Како ученик се приклучил на Македонската револуционерна организација заедно со 20 други свои соученици. Сите тие биле покрстени од поп Стамат Танчев. Во 1897 година бил примен во јункерското училиште во Софија, но се откажал и со помош на Ѓорче Петров од 1898 година учителствувал во Лешко. Таму како раководител ја зајакнал револуционерната мрежа и ја проширил во околните села и создал канал за пренос на оружје од Бугарија. Во учебната 1899/1900 година тој бил учител и раководител во селото Долнo Порој, а во учебната 1900/1901 година бил поставен за учител во пиринското село Цапарево [1][2]. Во септември 1901 година станал учител во Крушево, но бидејќи бил прогонуван од страна на властите во ноември преминал во илегала. Од почетокот на 1902 година станал секретар во четата на Атанас Тешовалиjaта во Разлошко. Потоа, преминал во Бугарија, а во јануари 1903 година повторно влегол во Македонија со четата на Гоце Делчев. Останал во Струмичко на чело на една мала чета, со која учествувал во Илинденското востание во летото истата година. По востанието во 1907 година завршил заболекарство во Виена, по што се преселил во Подгорица, каде работел како заболекар. Умрел во Подгорица на 19 септември 1943 година каде бил и закопан.[3][4][5][6]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads