Цветишница
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Цветишница (или Цветишинци) — село во Општина Старо Нагоричане, североисточна Македонија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во областа Козјачија и е од разбиен тип, така што надморската висина се движи од 900 до 1.000 м. Атарот зафаќа површина од 4,3 км2[2] Североисточниот дел на атарот се граничи со Србија (Општина Трговиште).
Историја
На крајот од XIX век Цветишница било мало македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Цветишинци имало 140 жители, сите Македонци христијани.[3][4]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Цветишници имало 80 Македонци, сите под егзархијата.[5]
За време на Првата светска војна Цветишница била во состав на Општина Рамно и броела 69 жители.[6]
Remove ads
Стопанство
Според податок од 1998 г. Цветишница има 196 ха обработливо земјиште, 170 ха шуми и 48 ха пасишта.[2]
Население
Според пописот од 2002 година, во селото Цветишница имало 21 жител, од кои 20 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Цветишница е македонско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:
- Доселеници: Марковци (2 к.), Ѓоринци (5 к.), Клинчаровци (4 к.) и Костинци (1 к.) сите се доселени од селото Црвени Град во Горна Пчиња во денешна Србија ; Баба-Китинци (3 к.) доселени се од некое село во околината на Врање во Србија; Дошлаци (3 к.) доселени се од Гулинци кај Крива Паланка.[12]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads