Церје
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Церје — село во Општина Пустец во Област Горица, Албанија. Селото припаѓа во географската област Мала Преспа.
Remove ads
Географија и местоположба
Церје е село во областа Мала Преспа, која денес е под Албанија. Атарот на селото граничи со атарите на следните села: од север со Зрновско, и со територијата на Република Грција, во тој склоп со селата Граждено, и некогашното село Орово, од југ со Ракицко и Мачуришта, на запад со селото Ѕвезда.[1]
Топонимија
Ова е список на позначајните топоними во Церје и неговата околина:[2]
Бого Поле, Ваковското, Влашка Вода, Гини Вода, Гробиштата, Гумејнца, Дабјето, Зеленото, Иван, Илија, Јанкулоите, Кленче, Кончината, Крај, Лазоите, Крушите, Орлои Ливади, Пијојте, Преслапката, Репреи Круши, Ридишта, Тодорица, Трлиштата, Тумејнца, Церје.
Remove ads
Историја
Церје е старо повеќевековно село, за селото се вели дека ја има преместено својата местоположба, за претходна местоположба на селото се спомнува месноста Ридиштата, која се наоѓа 0,3 км источно од денешната. Се вели дека тогаш селото целосно се раселило, а потоа пак било населено со население кое дошло од околните села (Орово, Граждено, Нивици, Зрновско и други)
Во ова село е роден Божин Спасов кој учествувал во Македонското востание.
Пред почетокот на Втората светска војна, во 1939 година, селото останало во Кралството Албанија кое почнало да биде управувано под Италија, со што селото се нашло во зафатот од Грчко-италијанската војна (1940-1941). Церјани биле мобилизирани во албанската војска, а имало и загинати. По капитулацијата на Италија во 1943 година, Церје било слободна територија на НОАД Албанија. Во почетокот на 1943 година, борците на одредот „Даме Груев“ основале НОК, а во април 1944 година, на пат за Дебрца, низ селото поминале и борците на Првата македонско-косовска ударна бригада. Во текот на оваа војна како борци на албанската НОАБ се вклучиле 4 борци.[1]
Remove ads
Стопанство
Демографија
1900 година според Васил К’нчов селото броело 120 православни Македонци.[3][4]
Година | Население |
1900 | 120 |
1926 | 98 |
1945 | 175 |
1960 | 250 |
1969 | 308 |
1979 | 308 |
1989 | 297 |
2000 | 252 [5] |
Родови
Церје е чисто македонско православно село, во него живеат следните македонски родови:
Гочевци, Гујовци, Доневци, Журковци (доселени од Пустец), Лазаровци (доселени од Орово), Наумовци, Спировци, Спирковци, Штерјовци (доселени од Нивици), Ридовци, Танасковци (Сотировци), Трповци (доселени од Граждено), Трајковци и Цветковци.[1]
Remove ads
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Ксеанела Сотирофски (р. 9 август 1979) — ректорка на универзитетот „Александар Мојсиу“ во Драч;[6][7]
- Јован Шкмби (р. 28 јануари 1954) — претседател на друштво „Преспа“, огранок Поградец, советник од Македонска алијанса за европска интеграција во советот на општина Поградец;[8]
- Сотир Неделко Јошев — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads