Црешнево (Порече)

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Црешнево (Порече)map
Remove ads

Црешнево — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на сретселото

Селото се наоѓа во областа Порече, во источниот дел од Општина Македонски Брод, чиј голем атар високо се издига на планината Даутица, каде што се допира со подрачјето на Општина Чашка.[2] Селото е ридско-планинско, на надморска височина од 850 метри.[2]

Атарот е мошне голем и зазема површина од 56,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.689 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 1.340 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 301 хектар.[2]

На исток, од долината на Беличка Река го одделува многу длабок и стрмен дол, на запад се издигнува рид, а кон југ и север е отворено кон закосен и порамен терен од подножјето на Даутица.

Remove ads

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 60 семејства, 5 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]

Во XIX век, Црешнево било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски се наоѓало во Порече.

Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Црешнево имало 505 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црешнево имало 640 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црешнао се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]

Црешнево во 1961 година имало 579 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 230 жители, од кои 228 биле Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Црешнево имало 169 жители, од кои 168 Македонци и 1 Србин.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 102 жители, од кои 100 Македонци и 2 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Црешнево е македонско православно село, во селото има многу староседелски родови, како и нешто доселенички. Родови во Црешнево се: Душевци (10 к.), Ѓорговци (10 к.), Петковци (6 к.), Милошовци (5 к.), Савевци (5 к.), Сокревци (4 к.), Пурчевци (3 к.), Џаровци (5 к.), сите овие родови се староседелски; Десовци (7 к.), доселени се од селото Модриште, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од околината на Скадар; Ѓоревци (5 к.), доселени се од селото Блаце, Охридско (?); Џолевци (5 к.), доселени се од селото Горно Крушје, таму имаат роднини, подалечно потекло имаат од некое село во Косово и Поповци (3 к.), доселени се од селото Осој, Кичевско.[15]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Подрачното основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец, Модриште и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Црешнево се наоѓале селата Белица, Брезница, Вир, Калуѓерец, Могилец, Модриште, Локвица и Тажево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0240 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 117 гласачи.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[20]
  • Камен Дол — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Минојца — некропола од римско време; и
  • Брест — населба, црква и некропола од римско време;
Цркви[21]
Споменици
  • Споменик од НОБ
Remove ads

Личности

Личности родени во Црешнево:

  • Видан Стеваноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Билбил Момироски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Гроздан Димитриески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Десо Блажески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Здраве Момироски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Змејко Јанески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Јован Лазарески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Ифријан Грозданоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Злате Аврамоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Никола Ѓорѓиоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Миле Јанески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[22]
  • Војче Георгиески (1925 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
  • Крсте Миленкоски (1925 - 1944) — загинат во НОБ.[24]
  • Велко Димоски (? - 1944) — загинат во НОБ.[23]
  • Живко Крстески (1924 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
  • Илија Брајаноски (1924 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
  • Јордан Симоноски (1896 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
  • Љубомир Павлески (1902 - 1944) — загинат во НОБ.[23]
  • Маринко Цветаноски (1925 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
  • Марко Ѓорѓиески (1925 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
  • Стојан Павлески (1921 - 1945) — загинат во НОБ.[23]
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads