Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Горничево
црква во Горничево, Леринско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Kοίμησης της Θεοτόκου) — црква во селото Горничево, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е изградена во XIX век и се наоѓа во западниот дел на селото. Претставува трикорабна базилика со камбанарија на запад. Внатре има убав резбан иконостас и 29 вредни икони — 21 од XIX век (меѓу нив четири од 1897 г.) и 6 од почетокот на XX век. Се чува и евангелие со сребрена опкова од 1793 г.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads