Шереметли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шереметлиmap
Remove ads

Шереметли или Шереметлија (грчки: Φανάρι, Фанари, до 1928 Σερεμετλή, Сереметли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Шереметли Φανάρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 16 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 34 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 220 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шереметли се состоело од 15 семејства и 64 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Шереметли имало 40 жители Македонци и 100 Роми[3][5]. Според Милоевиќ, селото имало 20 турски куќи[6][7]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 56 Македонци и Власи и работело егзархиско училиште.[8].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано како напуштено село без жители. Голем дел од христијанското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Фанари.[9]

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 165 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 332 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 277 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 218 жители, во 1971 година имало 217 жители, во 1981 година имало 199 жители, додека во 1991 година имало 180 жители. Денеска, населението на селото е 164 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads