Штрајк против Скопското педагошко училиште

From Wikipedia, the free encyclopedia

Штрајк против Скопското педагошко училиште
Remove ads

Во мај 1899 година, македонскиот револуционер и социјалист Александар Мартулков организирал штрајк против Скопското педагошко училиште. Во неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“ Мартулков не навел определен датум во кој што се одвивал штрајкот. Според него, штрајкот траел само 24 часа и брзо бил задушен од училишниот одбор и директорот. Како последица на неговиот штрајк, Мартулков бил забранет влез во сите училишта под склоп на Бугарската егзархија.

Кратки факти Штрајк против Скопското педагошко училиште, Датум ...

Идеи за штрајк никнале поради анархистичкото влијание врз Мартулков во тоа време. Примил книжевна литература и весници од значајни македонски анархисти како Петар Манџуков и Михаил Герџиков. Мартулков не бил задоволен со условите понудени од пансинот, особено нивниот недостиг на храна. Со поддршка од Иван Поп Јорданов и Јордан Шурков тој организирал штрајк. Откако штрајкот бил задушен и Мартулков бил забранет влез, тој се вратил во неговиот мајчин град Велес. Неколку месеци после штрајкот, во есента 1899 година, Мартулков ја започнал неговата агитаторска одисеја низ делови од Југоисточна Македонија.

Remove ads

Вовед

Скопското педагошко училиште

Скопското педагошко училиште како образовна институција била формирана околу 1880-тите. Отпрвин се третирало како неисполнето четирикласно гимназиско училиште. Истовремено солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ доживеала нова епоха кога отвориле педагошки курс во 1889 година. Поради големото образовно значење на солунската гимназија нивниот број на ученици се надуел во несоодветно ниво. Заради тоа, и поради засилената српска пропаганда во Скопје, во 1895 година бугарската скопска гимназија се претворила во Скопското педагошко училиште. Ученици кои се запишале за педагошкиот курс во солунската гимназија биле префрлени во скопската.[1]

Thumb
Велешката прогимназија, денес зградата на ОУ „Благој Кирков“.

Бугарската егзархија, како обид да ја засили бугарската пропаганда во регионот, училиштето било преименувано во „Скопското бугарско машко тригласно и педагошко училиште“. Според Христо Настев, матурант од училиштето, голем дел од учениците во генерацијата 1895/1896 г. се преселиле надвор од државата додека поголемиот дел на учениците во генерацијата 1898/1899 г. станале професори и просветни дејци низ цела Македонија. Прв директор на училиштето бил македонскиот револуционер Христо Матов. Скопското педагошко училиште било меѓу најпосетаните училишта во Вардарска Македонија.[1]

Алексо Мартулков

Во 1894 година Алексо Мартулков се посочил кон социјалистичкото движење со материјална поддршка од Васил Главинов. Меѓу 1896 и 1900 година Мартулков извршил различни значителни дејности во неговиот живот. Во 1896 година учествувал во организирањето на првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во празнувањето Мартулков бил дел од маршот на Македонската социјалистичка група.[2] После прославата Мартулков се вратил во неговиот мајчин град Велес. Таму повторно се запишал во велешката прогимназија, според Мартулков во неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“ тој завршил прогимназиско образование во 1898 година и се запишал во Скопското педагошко училиште.[3][4]

Remove ads

Штрајк

Thumb
Алексо Мартулков

Градот Скопје понудило нови можности за агитаторска дејност. Во педагошкото училиште разни велешки социјалисти исто така го ширеле социјализмот, меѓу нив биле Иван Елезов, Андон Димов — кој подоцна станал водач на Велешкиот револуционерен реон на Македонската револуционерна организација после Илинденското востание и Методи Поп Гошев. Исто така во педагошкиот пансион имало скопски социјалисти кои претходно се запознале со Мартулков, меѓу нив биле Богдан Баров, Тодор Доротеев и Крум Чакаров. После некое време македонските анархисти Петар Манџуков, Ордан Калчев и Ордан Шурков го посетиле пансионот со агитаторска цел. Манџуков му дадол Мартулков руски весници со статии напишани од Александар Херцен.[5]

Мартулков открил преку неговиот другар Јордан Шурков дека во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ некои од бугарските ученици организирале агитаторски дејности со намера да соберат материјални сретства. Шурков му препорачал на Мартулков да организира сличен настан во Скопското педагошко училиште. Истовремено анархистичката група во училиштето целосно пропаднала и останале само Петар Манџуков и Кочо Молеров — анархист од Банско. Мартулков, незадоволен со условите понудени од пансионот, во мај 1899 година најавил штрајк. Имал голема поддршка од учениците во пансионот, заедничко најавиле штрајк преку гладување. За време на штрајкот се запознал со Иван Поп Јорданов — значен анархист во училиштето и иден претседател на Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“.[6]

Штрајкот само траел 24 часа и брзо бил задушен од училишниот одбор и Бугарската егзархија. Условите за учениците биле подобрени и имале пристап до подобар квалитет на храна. Мартулков како главен иницијатор и организатор на штрајкот бил отстранет од училиштето.[6]

Remove ads

Последици

Единствената жртва во штрајкот бил Мартулков кој поради горенаведените настани бил забранет влез во сите училишта под склоп на Бугарската егзархија. Оваа забрана била повлекувана за време на Младотурската револуција со новите промени на турската власт. Откако бил забранет влез тој пратил нападно писмо кон училишниот совет, каде што наведил дека несоодветно пристапувале и ги навредил со фразата „мозокот ви го испиле манастирските чавки“. Дополнително бил забранет поради неговите социјалистички ставови. Кога го примил соопштението за неговата забрана Мартулков влегол во канцеларијата на учителите, таму жестоко се искарал со професорот Вељан Думев. Поради неговиот однос Думев повикал албански гаваз да го избрка Мартулков од канцеларијата. Откако бил отстранет од пансинот тој живеел неколку дена во заеднички стан со Петар Манџуков.[6]

Училишниот совет на педагошкото училиште не го очекувале штрајкот, во неговите спомени Мартулков како пред настаните тој бил соодветен и одличен ученик. Поради тоа училишниот одбор заклучиле дека социјализмот го корумпирал и го пратија македонскиот револуционер Тодор Шурков да го убеди Мартулков да се откаже од неговите социјалистички ставови. Мартулков му изјавил: „Драги пријателе, јас во мојот живот немам друго ништо поскапо од моите убедувања и за ништо друго на светов нема да ги заменам. Што се однесува до моето школско образование, ќе го надополнам по пат на самообразование. Основата е веќе поставена и јас имам едно оформено гледиште за природните и општествените појави и тоа ми е доста. Како деец за ослободување на нашата татковина, ќе се борам како можам, според моите сили и по силата на моите разбирања. Не лакомам за да правам голема кариера во животот. Стомната се скрши веќе, одново таа не може да биде залепена“.[6]

После штрајкот некои ученици од педагошкото училиште го посетиле Мартулков да изразат почит кон неговите дејности. Со неговите сиромашни услови тој неможел да продолжи да живее во Скопје, поради тоа после неколку месеци се враќа во неговиот мајчин град Велес. Се вратил во неговиот мајчин град со намера да добие пасош за во Бугарија. Мартулков посакал да се пресели во Софија со печалбарски поттик. Неколку месеци после штрајкот во есента 1899 година Мартулков ја започнал неговата агитатотрска одисеја низ делови од југоисточна Македонија.[6]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads