Педесетта македонска дивизија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Педесетта македонска дивизија
Remove ads

Педесеттата македонска дивизија на НОВЈ била формирана на 17 септември 1944 година во селото Митрашинци кај Берово.[1] При основањето, во нејзин состав влегле: Четвртата, Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска бригада. Во првата половина на октомври 1944 година, во нејзиниот состав влегле и Деветнаесетта македонска ударна бригада и Артилериската бригада, а Четвртата бригада влегла во состав на 51-та македонска дивизија.

Кратки факти Педесетта македонска дивизија, Активна ...
Thumb
Извештај од штабот на 50-та дивизија до главниот штаб на Македонија, во врска со формирањето на 4, 13, и 14 бригада - фотокопија (26 септември 1944 г.)
Remove ads

Команден состав

Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]

  • Кирил Михајловски, командант до 3 октомври 1944 година
  • Боро Милевски, командант од 3 октомври 1944 година
  • Наум Веслиевски - Овчарот, командант од 6 декември 1944 година

Политички комесари биле:

  • Димче Беловски, политички комесар до 3 октомври 1944 година
  • Боро Чаушев, политички комесар од 3 октомври 1944 година
  • Јован Ѓуровиќ, политички комесар од 6 декември 1944 година
Remove ads

Борбени дејства

Во состав на Брегалничко-струмичкиот корпус, оваа бригада учествувала во борбите против германските единици на патот Валандово-Струмица-Берово. Ги ослободила Берово и Пехчево на 13 октомври, Кочани на 22 октомври, селата во долината на реката Брегалница и Штип на 8 ноември, и Свети Николе на 9 ноември.

Во текот на борбите за ослободување на Скопје, дивизијата водела борби кај хидроцентралата Матка, а потоа го ослободила и Тетово на 19 ноември 1944 година. На 6 декември 1944 година, била расформирана, а борците биле распределени во останатите македонски воени единици. Со реорганизацијата, 51 македонска дивизија била преименувана во 50 македонска дивизија, со што го зела формациското место на веќе укинатата дивизија.

Remove ads

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads