Љубомир Весов

македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia

Љубомир Весов
Remove ads

Љубомир Весовмакедонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Љубомир Весов во четничка униформа.
Thumb
Споменик "Паднати за слободата на Македонија" во Ќустендил со името на Весов (36-ти во првата колона).

Роден е во 1892 година во градот Велес. Татко му Илија Весов, кој е активен деец на егзархиската општина во градот, умира рано. Љубомир Весов завршува средно образование во Софија. Уште како ученик се вклучува во редовите на ВМОРО и неколку години е четник во Македонија. Во Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение во четата на Иван Попов, Христо Силјанов и зборната партизанска чета на МОО. Награден е со сребрен медал [1]. Се однесувал благородно кон локалното турско население [2].

На 20 март 1915 година Љубомир Весов учествува во Валандовската акција. Заедно со војводите Ване Стојанов, Петар Овчаров, Петар Чаулев и Панајот Карамфилович и со вкупно 1000 четници ги напаѓаат српските сили кај Валандово, Пирава и Удово. Убиени се 470 српски војници и 7 офицери, а Валандово е заземено, по што четите се повлекуваат кон Бугарија.

По вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна е бил командант на чета во бугарската армија, а по истерувањето на српските сили од Македонија е командант на градот Крушево.

По завршувањето на војната завршува високото образование - право на Софискиот универзитет "Свети Климент Охридски" и се одава на револуционерна дејност. Во март 1920 година Весов е еден од основачите и водачите на Македонското студентско друштво "Вардар".

На 5 ноември 1922 година, опкружен од српска полиција во село Острилци, Крушевско, се самоубил. Погребан е во Крушево. Смртта на Љубомир Весов одекнува сред ВМРО и македонските бегалци во Бугарија како голем удар врз национално-ослободителното движење.

Во 1928 година во Петрич постои фудбалски клуб со името на Љубомир Весов.

Remove ads

Творештво

Од 1913 година Љубомир Весов почнува да објавува свои песни — љубовни, пејзажи и патриотски. Во меѓувреме, прави и преводи на бројни руски поети. Во 1923 година творбите му се собрани и посмртно е издадена стихозбирката "Песни".

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads